• Latest

Планот на Џинпинг за анексија на Сибир тропа на вратата на Кремљ

March 29, 2023
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Планот на Џинпинг за анексија на Сибир тропа на вратата на Кремљ

March 29, 2023 12:15
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сè што излезе во јавноста од посетата на Ши Џинпинг на Москва се многу фотографии, со кои руската пропаганда сака да покаже дека Путин ја има поддршката од ѕвездата во подем на светската геополитичка сцена, Кина… и толку.

Она што се премолчува, а станува сè појасно, е дека Путин ја претвори својата земја во огромна бензинска пумпа за неговиот источен сосед, конвертор на фосилни горива за Кина.

Првата посета на Џинпинг е претставена така да го одразува навидум  „неограниченото“ пријателство меѓу двете земји како рамноправни партнери во градењето на ревизионистички поредок во светот во однос на САД и Западот.

Но, реалноста е сосема поинаква. Ши Џинпинг има јасно артикулиран поглед на стратешкиот подем на Кина, а побарувањата од Русија нема да завршат тука.

Како што пишува Метју Хендрсон за Телеграф, долго дебатираниот договор за „Моќта на Сибир 2“ (ПОС2) – огромен проект за гасовод за транспорт на гас од Западен Сибир до Кина преку Монголија – стана симбол на едностраните и малку навредливи односи меѓу Кина и Русија од самиот почеток на војната во Украина. Тоа не е добра вест за Москва.

Пред посетата на Ши Џинпинг на Русија, Путин смело објави дека договорот за гасоводот е подготвен за потпишување, прерано означувајќи го како  „договор на векот“. Кси не беше трогнат од таквата прекумерна ревност, и одби да потпише нешто. Никакво спомнување на ПОС2 не се појавува во официјалните изјави што ги даде Кси за време на состаноците. Во последното заедничко коминике, се што можеше да коментира разочараниот Путин е дека треба уште да се работи „на проучување и одобрување“.

Токму во тој контекст треба да ги прочитаме разделните зборови на Кси до Путин кои се однесуваат на „промените што доаѓаат, какви што не се видени цел век“, со кои „можеме заедно да продолжиме напред“. Набљудувачите на Кина ги разгледуваат овие зборови од секој агол, но сосема е јасно дека Ши се обликува себеси како лидер, со Путин само номинално покрај него, за ревизионистички напад врз либералниот светски поредок.

Визијата на Пекинг за стогодишнината на Народна Република Кина во 2049 година е глобален триумф на „целосно развиена, богата и моќна Кина“. Ова нема да вклучува споделување на власта со хаотичната руска клептократија. Колку посилно Ши ги фокусира своите напори на остварување на „Кинескиот сон“, толку понепопустливо неговата политичка и економска принуда ќе биде насочена кон Путин и Русија, со што тие ќе стануваат сè  послаби и позависни.

Ревизионистичките цели на Ши подразбираат бришење на срамот од историските територијални загуби. Тој наметна комунистичка власт во Хонг Конг, се обидува да го стори истото во Тајван и несомнено ја има истата амбиција за 600.000 квадратни километри – три пати поголема од областа на Велика Британија – што царска Русија ја одзеде од контролата на Манчу ослабената од опиумската војна во 1858 – 60 година според договорите од Ајгун и Пекинг. Оваа област вклучува и делови од Сибир, од каде, според многу фалениот договор за гасоводот, Путин извлекува ресурси кои ги продава на Кина.

Бидејќи режимот на кинеската Комунистичка партија извлекува голем дел од она што го прикажува како „легитимитет“ од овие реваншистички кампањи, плаќањето на Путин за сибирските ресурси е како да се откупува семејно сребро од разбојник. Пекинг на ист начин гледа на загубата на монголските земји, со оглед на клучната советска улога во отцепувањето на Монголија од остатоците на кинеската власт на почетокот на 20 век.

Веќе, прекуграничната економска активност во Сибир на неброени кинески заедници, вклучително и во Хабаровск и Владивосток, премолчено ги оживува историските кинески претензии за овој богат со ресурси и значаен стратешки регион. Со децении, кинеските гангстери шверцуваа скапоцени сибирски ресурси назад во Кина преку порозна граница – често во дослух со руските криминалци. Тоа е јасно кршење на рускиот суверенитет.

Катастрофалната воена агресија на Путин врз Украина можеби го сврте неговиот поглед далеку од руската граница со Кина долга 4.200 километри, заедно со илјадници војници кои треба да ја чуваат, но Кинезите остануваат фокусирани. Амбицијата на Ши Џинпинг за „големо подмладување на Кина“ се наметнува чекор по чекор на руска почва.

Д. Мишев

Tags: Владимир ПутинКинаРусијаСибирШи Џинпинг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ