• Latest

Планот на Кисинџер и сенката на Невил Чемберлен

May 28, 2022
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Планот на Кисинџер и сенката на Невил Чемберлен

Поранешниот државен секретар Хенри Кисинџер изјави дека Украина треба да прифати да отстапи дел од својата територија за да постигне мировен договор со Русија и веднаш да стави крај на сега веќе тримесечната војна. Ова асоцира на атмосферата пред потпишување на Минхенскиот договор од 1938 година, кога западните сојузници мислеа дека со толерирањето на тероторијалнате барања на нацистите ќе го сочуваат сопствениот мир. Но, се излажаа.

May 28, 2022 13:27
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Еден од последните хитови на мрежата Нетфликс е делото „Минхен – војната пред очите“. Интересен е и за постарите кои добро знаат што значеше во историјата Минхенскиот договор од 1938 година, потпишан од премиерите Невил Чемберлен, Адолф Хитлер, Едуард Даладје и Бенито Мусолини. Секако, може да биде интересен и за помладите кои се интересираат за историјата и за тоа дали и како „учителката на животот“ може да се повторува, особено во некои слични ситуации, како што по многу индиции имаме и сега, кога Европа е практично во војна и има жежок фронт – украинскиот, во кој се вплеткани практично сите држави на северната хемисфера.

НЕВИЛ ЧЕМБЕРЛЕН И ХИТЛЕР Се потпиша договор кој ја одложи Втората светска војна само за помалку од една година, а му даде нови крилја на нацистичкиот режим.

Геостратешките промени на Стариот континент започнале со аншлусот (присоединувањето) на Австрија со Германија во 1938 година и создавањето на Голема Германија, кое минало молкум кај меѓународната заедница. Но апетитите на Хитлер оделе понатаму и тој ја предизвика Судетската криза, меѓународен конфликт заради барањето на Хитлер по секоја цена да анектира област од делот на Чехословачка во кој живеело германско малцинство. Трите милиони Германци требало, велел тој, да бидат „вратени во германскиот Рајх“.

Чуму ваков вовед за темата „присоединување“ во Европа. Па, заради неодамнешниот говор на американскиот дипломат Хенри Кисинџер на Форумот во Давос.

Во понеделникот, 23 мај, преку видео врска, 99-годишниот Кисинџер рече дека неуспехот да се обноват преговорите со Русија и продолжувањето на антагонизирањето со Москва може да има катастрофални последици за стабилноста на Европа на долг рок.

„Преговорите треба да започнат во следните два месеци пред тоа да создаде пресврти и тензии кои нема лесно да се надминат“, рече Кисинџер.

„Идеално, линијата на поделба треба да биде претходно враќање на статус кво. Следењето на војната надвор од таа точка нема да биде за слободата на Украина, туку за нова војна против самата Русија“, препорача 99-годишниот Кисинџер.

Кисинџер, кој има долга и импресивна кариера (служеше во администрациите на Ричард Никсон и Џералд Форд во 1970-тите), предупреди да не се одолговлекува војната и да изврши притисок за преговори. Поранешниот државен секретар рече дека Русија е суштински дел од Европа веќе 400 години, дејствувајќи како балансирачка сила во критичните времиња за континентот. Кисинџер рече дека западните земји треба да се сетат на важноста на Русија во Европа и да не бидат опфатени со „расположението на моментот“.

МОЛКУМ Кога руски трупи го зазедоа Славјанск во 2014 година никој не трепна.

Русија веднаш одговори со објава дека е отворена за можноста за повторно започнување на мировните преговори доколку Украина го направи првиот чекор, но за ова говореше службеник од понизок ранг (нивниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Руденко).

Пред доста време, ама во рамки на тримесечната војна, и турскиот претседател Ердоган рече дека ако му се дадат непонижувачки услови, Путин би сакал мир. Но какви се тие услови? Впрочем и пред да почне војната, а откако руската армија со месеци го стегаше обрачот околу Украина, францускиот претседател Макрон, беше во Москва (и го мина она понижување со седење на долгата маса, која не се користи кога доаѓа Лукашенко, на пример) и потоа во Киев и побара да се применат договорите од Минск од 2014/15 година.

Тој практично си ги изми рацете како Понтиј Пилат, бидејќи, побара да се спроведе нешто што е крајно понижувачки за Украина. Да се потсетиме дека ова значи дека – најкусо кажано – сепарирање на Донбас! Патем, по последниот попис на населението од пред 20 години таму живееле 2,1 милион жители од кои само 600 илјади биле Руси. Кога се врати во Франција, Макрон беше пречекан како херој бидејќи, ете, нема да има војна а „стапот ќе го јаде“ само Киев. Оваа турнеја тогаш му помогна да се одлепи од својата конкурентка Ле Пен во популарноста на предизборните анкети.

Кисинџер сега едноставно размислува дека војната станува скапа, секако и за американските граѓани, дека навидум брз пресврт на фронтот нема да има и слично и – како и гореспоменатиот случај со Минхенската спогодба – едноставно, се исполнуваат барањата на посилниот. Му се фрла една голема територија пред нозе без никаква рационална поткрепа, само за да се задоволат моментните апетити на Кремљ, со надеж дека сè ќе се врати на „стариот колосек“. Жртвата ќе биде некој друг…

КРИМСКИОТ МОСТ Неговата изградба беше грубо кршење на суверенитетот на Украина.

Така се случи и со Минхенскиот договор – давањето на Судетите ги релаксира Франција и Британија како сојузници; тие мислеа дека ќе се вратат на старите навики на пиење чај пред каминот, бидејќи ќе нема меѓународен конфликт и никој не виде дека Прага не го потпиша тој договор. Чемберлен тоа го стори со мирна рака ама, нели, Хитлер не зема само една област, туку ја зеде цела Чехословачка, а никој не трепна. Како и сега кога Путин удри врз Грузија и зема дел од оваа земја, па го зеде Крим и конечно – дел од Донбас! И сега, според Кисинџер, треба да се задоволат барањата на Кремљ безусловно и без грижа на совеста кај меѓународната јавност!

Хитлер, според белешките на Борман, пронајдени во 1945 година,  рекол дека тој сакал да ја почне Втората светска војна порано, уште во 1937 година, ама признал дека му било незгодно.

„Бидејќи Франција и Британија ми ги прифатија сите барања,“ рекол Хитлер, според писмените сведоштва на Борман.

За овој Договор, споменав, може да се погледа филмскиот хит „Минхен – војна пред очи“ (герм. München – Im Angesicht des Krieges).

Ако чешките политичари во 1938 година не беа ни прашани за предлозите на Хитлер, сега Володимир Зеленски не премолча.

Обраќајќи се на присутните во Давос преку видео врска на 23 мај, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за разговори или нешто за што разговараат луѓето кои присуствуваат на форумот.

Зеленски потсети дека Путин е заинтересиран само за „брутална сила“.

„Оваа година зборовите ‘пресвртница’ се повеќе од реторичка точка на разговор“, рече Зеленски. „Оваа година е навистина година кога се одлучува дали суровата сила ќе владее со светот. Ако е така, моќните не се заинтересирани за нашите мисли и нема понатамошна корист од средбата во Давос. Суровата сила не бара ништо друго освен потчинување на оние кои сака да ги покори, не да зборува туку да убива, како што прави Русија во Украина“, рече Зеленски.

Зеленски му одговори и на Кисинџер, во своето видео обраќање на 25 мај:

„Изгледа дека календарот на господинот Кисинџер не е 2022 година, туку 1938 година, а тој мислеше дека разговара со публиката не во Давос, туку во Минхен од тоа време. Инаку, во вистинската 1938 година, кога семејството на господинот Кисинџер бегало од нацистичка Германија, тој имал 15 години и сè разбирал совршено. И тогаш никој не слушна од него дека е неопходно да се прилагоди на нацистите наместо да се бега или да се бори со нив“ – изјави украинскиот претседател.

Зеленски при тоа повтори дека Украина нема да потпише мир, без претходно да ги врати во владение териториите загубени по 24 февруари, кога беше започната инвазијата на руската војска.

Инаку, советникот на Зеленски, Михаило Подолијак, предупреди дека, покрај Кисинџер, на сличен став се и неколку земји-членки на Европската Унија, кои вршат притисок врз Украина да попушти околу својот територијален интегритет.

Во тие барања, засега подзатскриени, има неколку компоненти – скапотијата на војната, особено со последните одлуки на Бајден да го зголеми воениот буџет, потоа тежината на петте милиони бегалци од Украина во Европа и секако сенката на нуклеарното оружје.

Говорејќи на малите екрани, советникот на нашиот премиер, Исмет Рамадани, раскажа за една средба со бугарски колеги некаде во европските престолнини, каде ги прашал – дали во Бугарија нема страв дека, ако Путин победи во војната со Украина, Бугарија не би била следната? Тие му одговориле: „Ние се плашиме и од тоа што ќе се случи со светот ако Путин изгуби!“


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ