• Latest

Платформата за родова еднаквост: Претседателот на државата е без основни познавања за родовата еднаквост

December 28, 2017

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Платформата за родова еднаквост: Претседателот на државата е без основни познавања за родовата еднаквост

December 28, 2017 12:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на Претседателот Ѓорге Иванов дека ратификацијата на Истанбулската конвенција со себе носи и одредени ризици, покажува основно непознавање на меѓународната и националната рамка за заштита од родово засновано насилство и дискриминација, сметаат 22 Здруженија членки на Платформата за родова еднаквост.

Тие укажуваат на фактот дека 78 проценти од жртвите на физичко насилство се жени додека 98 отсто од сторители на семејно насилство се мажи. Од 2008 до 2016 година, регистрирани се 70 фемициди од кои 15 се случиле само во периодот 2013-2016. Над три-четвртини од случаите на семејно насилство не се пријавени во ниту една јавно достапна служба. Секоја втора жена во Македонија е жртва на психичко насилство, секоја четврта жена е жртва на физичко насилство, а секоја седма жена е жртва на сексуално насилство.

Токму затоа, велат тие, реагираат на изјавата на претседателот Иванов во обраќањето пред пратениците во Собранието на Република Македонија бидејќи, посочуваат, тој покажува основно непознавање на меѓународната и националната рамка за заштита од родово засновано насилство и дискриминација.

„Дефинирањето на родот како поим кој ги означува општествено конструираните улоги, однесувања, активности и атрибути што дадено општество ги смета за соодветни за жените и за мажите претставува основен чекор во борбата за еднаквост меѓу мажите и жените. Впрочем, оваа дефиниција е и основата за донесување на меѓународните и националните документи кои го третираат прашањето за родовата еднаквост и за нејзиното надминување“, истакнуваат од Платформата.

Со ваквата изјава, според нив, претседателот се залага за презервирање на родовите улоги и норми кои генерираат насилство кон жените.

„Претседателот е уплашен и од фактот што согласно одредбите на конвенцијата се нуди заштита од насилство и дискриминација на родовите и сексуалните малцинства, со што претседателот директно застанува против заштитата од дискриминација, вознемирување и насилство кон ЛГБТИ луѓето, со што го поттикнува истото и го негира нивното право на живот“, посочуваат од Платформата.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: IvanovПлатформа за родова еднаквостреакција
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ