• Latest

„Плацеви на Водно”: Стојановска има стан на „Бихаќка“ и уште еден до него на име на фирма, но тие се на Груевски

December 10, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

„Плацеви на Водно”: Стојановска има стан на „Бихаќка“ и уште еден до него на име на фирма, но тие се на Груевски

December 10, 2021 12:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Со сослушување сведоци предложени од Обвинителството, кои зборуваа за  становите на „Бихаќка“ за кои во обвинението се тврди дека се на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно”.

Сведокот Татјана Стојановска, која рече дека на нејзино име има стан на улица „Бихаќка“ и уште еден до него на име на фирма чиј управител е таа, но дека тие не се нејзини туку, на трето лице. – На имотен лист да, ама јас не ги поседувам, кажа Стојановска.
Мислам, рече таа, дека во 2008-2009 година тој период директорот Александар Ивановски ми се обрати дека треба да се купи стан таму и така се случи, под негови ингеренции. – Тој дојде и кажа дека треба да се купи стан за бившиот премиер Никола Груевски, затоа што заради прислушкување да нема некои несакани комшии, значи само да се фигурира. Тоа одеше преку Агенција за недвижности „Асторија“. Се огласија двајца таму. Дојде човек и отидовме на нотар. Толку беше, немаше ништо, објасни Стојановска.
Прашана дали таа дала пари за овој стан и дали имала клуч, рече дека ниту дала пари, ниту добила клуч и дека никогаш ниту пак влегла и го видела тој стан.
Стојановска, исто така, рече дека е сопственик и управител на фирмата ИТК инжинеринг, основана 2008-2009 година од причина за да се учествува на јавен тендер, на кој било купено градежно земјиште на Водно, како и дека на ова правно лице има запишано уште еден стан на улица „Бихаќка“.
За тоа како обезбедила пари за купување на станот, сведокот рече дека тие биле обезбедено од Александар Ивановски преку позајмици.
– Станот беше на иста адреса, еден до друг со станот што веќе беше запишан на мое име. Станот беше купен од постар брачен пар, исто за Никола Груевски. Немам клуч и не сум била никогаш во тој стан, рече сведокот.
За двата стана, сведокот рече дека, има договори и нотарски акти дека ги поседува.
– Во 2018 година, пред бегството на Груевски, договор за закуп ми донесе Алек, потпишани од премиерот Никола Груевски за да потпишам јас и да ги вратиме. Договорите беа дека во рок од пет години ќе се реновираат без никаков надомест, рече сведокот Стојановска.
На прашање од бранителот по службена должност на Груевски, Стојановска рече дека никогаш не се сретнала, ниту телефонски разговарала со Никола Груевски.
Прашана дали е сигурна или може само да претпостави дека тие станови се на Никола Груевски, сведокот рече „да, можам само да претпоставам”.
На прашање од адвокатот Еленко Миланов, дали парите за станот и земјиштето се обезбедени од Александар Ивановски, сведокот рече да, посочувајќи дека тој никогаш не ги користел.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.
На денешното рочиште прво беше сослушан сведокот Бисерка Јовковска Ќаева, која заедно со сопругот купила стан од 57 квадрати на улица „Бихаќка“, кој потоа го продале.
– Станот го продадовме кога беше отплатен кредитот.  Беше мал и се одлучивме да побараме друг, со поголема квадратура. Прво го понудивме на луѓето околу нас дали сакаат да го купат, вклучително и на премиерот, рече сведокот, посочувајќи дека лично не се видела со премиерот, туку со некои негови луѓе кои биле овластени се договориле за цената и отишле на нотар.
На прашање од адвокатот по службена должност на Груевски, дали се уште чуваат примерок од купопродажбата на нотар, сведокот рече дека тој веќе го донела на обвинителката и таму пишува кој го купува.
Втор, беше сослушан сведокот Илија Гечев, сопственик на ИГМ Трејд, кој рече дека во 2012 година разговарал со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиеваки за земјиште на Водно.
– Ми се јави Миле и ми кажа дека има интересна локација на Водно од околу 1 200 – 1 300 метри квадратни до резиденцијата на Вилма Трајковска. За тоа ми рече дека треба да разговарам со Ерол Хасами. Ние се видовме со Ерол Хасами по неколку дена од тој разговор. Го прашав за сопственоста, мислам дека ми рече дека е фамилијата на Панделевски од „Пелистерка“ и со тоа заврши разговорот. После тоа јас не се интересирав, ниту да градам, ниту да инвестирам и со тоа заврши, изјави сведокот Гечев.
Прашан, која била цената на плацот, Гечев рече дека бил околу милион и двеста – триста илјади евра.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ