• Latest

Плавевски, НМСМ: Невработеноста ги брка младите од Македонија!

January 17, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Плавевски, НМСМ: Невработеноста ги брка младите од Македонија!

January 17, 2017 13:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Последните неколку години постојано се зголемува бројот на млади лица кои ја напуштиле државата за поквалитетно образование или стручно усовршување, но пред сé, во борбата за обезбедување на егзистенција. За причините поради кои младите заминуваат во странство, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Јане Плавевски, потпретседател на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

ЦИВИЛ Медиа: Дали Националниот младински совет има истражување за бројот на млади лица кои ја напуштија Македонија и за причините за таквата одлука?

ПЛАВЕВСКИ: НМСМ во своите досегашни активности нема реализирано истражување кое методолошки прецизно би ги утврдило причините зошто младите ја напуштаат Република Македонија. НМСМ како организација која обединува голем број млади и младински организации работи на континуиран развој на младите луѓе преку залагање за нивно учество во процесите на донесување на одлуки, во артикулирање на нивните ставови и перцепции за прашања кои нив ги засегаат, и преку обезбедување на можности за едукација, зголемување на работните вештини и подигнување на вработливоста.

ЦИВИЛ Медиа: Според вашите сознанија, анализи и истражувања, кои се причините за заминување на младите во странство?

ПЛАВЕВСКИ: Според сознанијата на НМСМ, а кои дел се и од истражувања на организации – наши членки, младите најчесто заминуваат во странство поради поголеми можности за работа и за квалитетно образование. Имено, младите најчесто заминуваат во странство поради можностите за квалитетно стручно усовршување (мастер и докторски студии на универзитети во странство, стручни специјализации и обуки), но секако, и поради можноста за полесно доаѓање до ценета и добро платена работа, согласно нивните стручни квалификации. Се разбира, улога игра и можноста да се биде во центри на светски случувања, можноста за комуникација и соработка со луѓе од разллични култури и традиции.

Важно е да се спомене дека се забележуваат различни видови одење во странство на младите од земјава. Според НМСМ, не е страшно што дел од младите одат на неколку месечна/сезонска работа во САД или во земјите од Западна Европа, или што младите одат во странство заради продолжување на нивното образование, и потоа, се враќаат во Македонија, каде работат и придонесуваат во подобрување на состојбите. Иако, секако дека е потребно да се работи на зголемување на можностите за работа и образование на младите во Република Македонија.

НМСМ проблемот со емиграцијата на младите го перцепира од аспект на состојбата со младите кои заминуваат од Македонија, со намера трајно да ја напуштат државата поради неможноста да најдат работа соодветна на нивните квалификации, работа што би им овозможила нормална егзистенција. За бројот на младите немаме прецизни бројки, но можеме да констатираме дека не се малку.

ЦИВИЛ Медиа: Има ли НМСМ стратегија и програма како да ги „задржи“ младите во Македонија?

ПЛАВЕВСКИ: НМСМ нема дефинирано стратегија и програма како да ги „спречи“ младите да ја напуштаат државата, затоа што сметаме дека во 21-ви век, истото не само што е невозможно, туку е и контрапродуктивно. Пред сé, поради фактот што благодарение на современите економски односи, брзиот развој на комуникациските и транспортните средства и современиот начин на живеење на младите, им стојат на располагање огромен број можности за работа и образование. Сметаме дека апсолутно неоправдано е во време на ЕРАЗМУС и на слични програми и можности за мобилност, учење и збогатување на знаењата и вештините, некој да се обидува да ги спречува младите во нивниот развој… Единствен продуктивен начин кој би ја намалил емиграцијата на младите е подобрувањето на условите за егзистенција на младите во Република Македонија, како и зголемување на можностите за образование, квалитетно стажирање и работа.

НМСМ, како претставничко тело на младите, и во иднина ќе продолжи да се бори и грижи за подигнување на статусот и стандардот на младите во Република Македонија, како и да ги афирмира и застапува младинските права и интереси. Според нас, она што надлежните можат и треба да го направат е – да спроведат мерки за зголемување на квалитетот на образованието (особено високото), да понудат можности за стручно усовршување и напредок на младите во Република Македонија, но и да конципираат мерки и политики за зголемување на можностите на младите и подобрување на егзистенцијата во низа области кои ги засегаат младите (образование, здрвство, култура, претприемништво, водење бизнис…).

Дехран Муратов

 

Tags: заминуваатинтервјумладиНМСМстранствоЦИВИЛ-Медиа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ