ВОЈО МАНЕВСКИ
Во првите три недели во јануари човек не се осмелува да дебатира за теми кои не се поврзани со светите денови. Има и автоцензура што вели –ај остави ги таквите теми за другите денови во годината, сега препушти им се на празничните чувства!
Морам да забележам дека сегашните државни и верски прослави и сoбирања не се толку инфицирани со политички теми и партиски комбинаторики како во пред Короната. Сега сѐ се врти околу скапотијата и сиромаштијата. Во светлината на бадниковиот оган кој во моево штипско Ново Село успешно го дочека следниот ден, се наслушав на мудри мисли меѓу моиве сограѓани.
– Како е убаво кога помладиве ја продолжуваат традицијата, ама сѐ се плашам дека ќе дојде време кога нема на кого да ја предадат традицијата. Сѐ повеќе се иселуваат, а овде ќе останат старите, посиромашните и само дел од богатите што се плашат да се одалечат од своето богатство, вели еден бадникар.
– Сѐ е тоа масло на длабоките држави на Европа, да се иселиме одовде и да станеме ефтина работна сила за работните места што нивните деца не сакаат да ги работат, вели друг кој има натрупано искуство од бадникови огнови.
Гледам низ разиграниот оган и се насмевнувам во себе. Длабока држава на светските моќници ни скроила капа по нејзин терк. Тие имаат длабока држава, а ние имаме плитка држава си помислувам. Тие имаат длабоки интереси, а ние само од денес за утре или најдолго до истекот на зимава која ја осветлуваме со бадниковите огнови.
Само државата ли ни е плитка почитувани читатели? Изгледа дека сѐ ни е некако плитко, лесно прегазливо. Плитка ни е надежта, плиток ни е џебот, ни станаа плитки семејствата зошто престанавме да комуницираме со роднините од второто колено, само омразата, себичноста и неизвесноста ни се длабоки. Но, судејќи според мојов плиток мозок нашиот морал ептен се истенчи и стана не само плиток, туку и провиден. Не почитуваме ништо што е заедничко и има некаков колективен предзнак. Важни сме си само на себеси. Е таа плиткост е каналот низ кој истекуваат длабочините на целата заедница и останува само плиткиот дел, а и тој е испресечен со суви острови на безнадежност.
Плитка ни е државата? Да, плитки ни се институциите што ја сочинуваат зошто ги полниме со плитка одговорност. Се разлеа таа како река која на пролет се излева од своето корито и ги поплавува полињата со плитка вода, плитка, ама истовремено и штетна зошто не ѝ е местото таму.
Плитки ни се институциите зошто е плитка постапката за нивно кадровско пополнување. Сѐ зависи од некаква партиска припадност и близина до партиските тела каде се донесува одлука за пополнување на институциите.
Плитки се постапките зошто и идеологизираното членство кое на партијата и дава амалгам за спојување на членовите е на се поплитко ниво. И во така плитка вода полесно се фаќаат и ситни и крупни риби, ама веќе изморени и надвор од својата ефективна сила.
Плитки се партиите зошто немаат идеолошка вода која ќе биде природна средина за рибите во неа. Големите риби бараат длабока вода и само од нив може да се излежат многу нови рипчиња кои имаат предуслови да станат големи риби. Тоа е природна, но и општествена законитост.
– Ааа, од политиката не очекувај нешто повеќе од ова што и сега го прават. Едни не знаат како, а други немаат со што да направат нешто за народот. Најгласни се оние што знаат што прават, ама тоа не е за општиот интерес, бадникарски го завршува еден од продолжувачите на традицијата за бадников оган.
– Зошто кога на сите разумни граѓани им е јасно дека со вакви партии не можеме да одиме напред, туку да тупкаме во место или како во македонското оро да се движиме три чекори напред два назад, не се обидат барем да сменат нешто и состојбата да се поправи. Не се битни партиите, не се битни актуелните политичари, туку безидејното општество во кое виреат клиентилистички и корупциски навики и поведенија. Сите кукаме, напаѓаме, а не превземаме ништо состојбата да се промени. За сѐ има решение само треба сериозно да се побара и спроведе,некој авторитетно предлагаше.
– Низ чадот на огнот го забележав професорот што го одработува својот последен семестар, а цел живот предава физика, сакајќи да ја пренесе не само како природна, туку и како општествена наука. Погледот не му беше упатен кон соговорниците, туку во чашата топол чај што ја вртеше низ прстите и како да правеше некаков интелектуален ореол во разговорот меѓу моите новоселци пред бадниковиот оган.
Се одалечувам од огнот и општествената дебата и заклучувам во себе. Значи решението е во можноста во политичките партии, своја активност да можат да остварат оние што имаат малку подлабоки мисли и многу поголема одговорност. Ако правењето на вакви услови ќе биде длабоката вода за риби капиталци вреди да се насочат изворите во единствена матица, која ќе ги овозможи таквите услови.
Да ја навратиме таа вода со прокламирање постапки за избор на партиските органи кои ќе бидат со демократски капацитет, што ќе овозможи демократски избор на кадрите во кои се има најголемо можно доверие за водење на нужните процеси за реформирање на целиот систем и постепена изградба на државен систем, кој нема да биде ни плиток ниту темелно длабок, туку со смирен тек за да може низ него да пливаат разните риби и други животинки.
За крајот на ова писание предлагам да ги скратиме деновите за празнување и да се впуштиме во дебата со предлози за реформи во партиите во целиот државен систем, но и во нашето поимање на заедницата како колективна рамка за наше опстојување со светските длабоки држави и длабоки води.
Како почеток на разни метафори и сликовити прикази ја предлагам песната на Балашевиќ – Блуз во матната вода.
Во првите три недели во јануари човек не се осмелува да дебатира за теми кои не се поврзани со светите денови. Има и автоцензура што вели –ај остави ги таквите теми за другите денови во годината, сега препушти им се на празничните чувства! Морам да забележам дека сегашните државни и верски прослави и сoбирања не се толку инфицирани со политички теми и партиски комбинаторики како во пред Короната. Сега сѐ се врти околу скапотијата и сиромаштијата. Во светлината на бадниковиот оган кој во моево штипско Ново Село успешно го дочека следниот ден, се наслушав на мудри мисли меѓу моиве сограѓани.