Една од најголемите агенции на Пентагон не може да оправда потрошени 800 милиони долари, се наведува во извештајот на водечка ревизорска фирма, во кој имал увид „Политико“.
Ревизорската фирма Ернд енд Јанг открила дека Агенцијата за логистика на американското МО не успеала да документира повеќе од 800 милиони долари вложени во градежни проекти.
„Политико“ наведува дека извештајот доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп предлага зголемување на воениот буџет. Таа ревзија, како што оценува весникот, отвора нови прашања за тоа дали МО може одговорно да располага со годишнит буџет од 700, а камоли со дополнителните милијарди кои Трамп планира овој месец да ги предложи.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.