Претседателска трка во Полска е премногу тесна за да се предвиди, со две излезни анкети кои покажуваат дека проевропскиот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски, е многу малку пред историчарот и поранешен аматерски боксер Карол Навроцки, објави Гардијан.
Анкетите покажуваат дека владиниот кандидат Тржасковски води со 50,3% наспроти 49,7% (Ипсос) и 50,17% наспроти 49,83% (ОГБ), со маргина на грешка од 2%.
Тржасковски веќе се прогласи за победник, нарекувајќи го тоа „посебен момент“ во полската историја и вети дека ќе продолжи со реформите .
Но, кандидатот на опозицијата Карол Навроцки не призна во својот прв говор, тврдејќи дека сè уште може да ја добие трката бидејќи резултатите ќе се пребројат преку ноќ, став што го изрази и лидерот на Закон и правда, Јарослав Качински
Според известувачите од полските претседателски избори, ова ќе биде многу долга ноќ.
Колку е тесна трката, покажуваат двете анкети за излез кои велат дека разлоката е помеѓу 70.000 и 100.000 гласови, во земја од 37 милиони жители, со 28,3 милиони право на глас.
Д. Мишев