Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека ја посетил црквата Св. Никола во Њу Џерси.
– Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.
На фотографиите ги нема неговите коалициони партнери кои беа дел од владината делегација во САД, Изет Меџити, Арбен Таравари, Африм Гаши и Зекирија Ибрахими.
Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски