Повлекувањето на американските трупи од Сирија е последното несогласување меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, поради кое Матис најави повлекување од функцијата.
„Јас бев привилегиран да служам како 26-тиот министер за одбрана на нашата држава, кој ми дозволи да служам заедно со нашите мажи и жени на Одделот во одбрана на нашите граѓани и нашите идеали.
Горд сум на напредокот што е направен во текот на изминатите две години за некои од клучните цели изнесени во нашата Стратегија за национална одбрана: ставањето на Одделот врз поубаво буџетско ниво, подобрување на подготвеноста и леталноста во нашите сили и реформирање на Одделот бизнис практики за поголеми перформанси. Нашите војници продолжуваат да ги обезбедуваат потребните способности за да преовладуваат во конфликтот и да го одржат силното глобално влијание на САД“ напиша Матис во својата оставка додавајќи дека претседателот има право на секретар за одбрана чии погледни се подобро усогласени со оние на Трамп и дека неговото повлекување од функцијата е единственото исправно нешто.
Не е прв пат Трамп и Матис да имаат несогласувања, но разликите во нивните ставови станаа непремостиви. Трамп и Матис имаа несогласувања околу разместувањето на војската на границата со Мексико, како и поради најавите на претседателот за повлекување на силите од Авганистан кога стапи на функцијата, во ситуација кога војската бараше зголемување на бројноста.
Во врска со Иран, Матис му противречеше на Трамп, наоѓајќи се во невообичаена позиција бидејќи се залагаше за политиките на претходната администрација, кои ги оспоруваше додека беше во униформа.
Кога Трамп ја објави својата наредба за забрана на трансродови лица во војската, Матис се обиде да ја поништи, но не успеа. Се чини дека повлекувањето од Сирија само ја прели чашата.
Претседателот Трамп на Твитер објави дека по двегодишната служба во неговата администрација Матис ќе се пензионира истакнувајќи дека за време на неговиот мандат е постигнат огромен напредок.
….equipment. General Mattis was a great help to me in getting allies and other countries to pay their share of military obligations. A new Secretary of Defense will be named shortly. I greatly thank Jim for his service!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 20, 2018
„Генералот Матис ми беше одлична помош за сојузниците и другите земји да го платат својот дел од воените обврски. Новиот секретар за одбрана ќе биде именуван наскоро. Во голема мера му благодарам на Џим за неговата служба!“, напиша Трамп.
Но ваквите љубезни објави на претседателот на САД, не наидоа на воодушевување во јавноста. Имено, вистината е дека Матис жестоко се спротиставува на безбедносните политики на Трамп. Дел од јавноста и го посочува токму тоа.
„Сите го прочитавме писмото на Матис, тој те откачи во знак на протест“, стои во еден од одговорите на твитот на Трамп.
Вистината е сосема поинаква, Матис жестоко се спротиставува на повлекувањето од Сирија но и на најавата за повлекување од Авганистан.
Останува прашањето дали зад безбедносната стратегија на Трамп се крие една иницијатива за воспоставување мир или се работи за погрешни политики кои може да ја загрозат и американската и глобалната безбедност.
М. И.