• Latest

По отфрлањето на „Илинденска“, „Горна“ и „Нова Македонија“ се враќаат во игра

May 20, 2018
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
Александар Вучиќ (ФБ профил)

БАЛКАНСКИ ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ: Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Христијан Мицкоски, ОН, 25 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА: Христијан Мицкоски во ОН

September 28, 2026
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026

„12:05“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Триаголен судир

September 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По отфрлањето на „Илинденска“, „Горна“ и „Нова Македонија“ се враќаат во игра

May 20, 2018 12:22
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Горна и Нова Македонија како можни варијанти за решение, повторно се враќаат на маса, според грчките медиуми откако официјална Атина, вчера индиректното го отфрли името „Република Илинденска Македонија“ и додаде дека треба да се најде заемно прифатливо решение со географска или временска одредница како што предвидува пакетот предлози на Нимиц.

– Според информациите, Грција се чини дека бара излез во други опции, а конкретно, силното „не“ турка кон почетните предлози што беа доставени, особено Горна Македонија и Нова Македонија, без превод и секако за севкупна употреба. Секако, некои потенцираат дека временската одредница (Нова) можеби има повеќе шанси, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „Та неа“ и коментира дека и овие две имиња имаат „исто така имаат негативна тежина“, но во споредба со „Илинден“ полесно би се нашол заеднички јазик со партиите од опозицијата.

– Во суштина, случајот со преговорите со ПЈРМ започнува од почеток или веројатно од таму каде што застанаа Коѕијас и Димитров во присуство на Метју Нимиц, пишува информативниот портал „Ин“ и ги споменува петте предлози од медијаторот, „Република Нова Македонија“, „Република Горна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“, „Република Северна Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, последните случувања на релација Македонија – Грција е една од главните теми во медиумите кај јужниот сосед. Лидерската средба кај нас и изјавите на премиерот Заев за „Република Илинденска Македонија“, противењето на грчките опозициски партии за конкретното име и отфрлањето на предлогот од грчката влада, како и телефонскиот разговор меѓу Ципрас и Пенс се во фокусот на новинарите во Грција.

Коментарите се дека по реакциите на партиите од опозицијата, кои речиси едногласно го отфрлија предлогот „Република Илинденска Македонија“ со објаснување дека содржи иредентизам, во грчката влада одново ги измериле можностите за решение и создавање широк национален консензус во Грција и решиле да се концентрираат на предлозите од медијаторот Нимиц. (МИА)

Tags: грчки медиумиимеМакедонијарешение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ