• Latest

По предлог на Комисијата, Собранието денеска ќе одлучува за имунитетот на пратениците

December 1, 2017

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

October 28, 2025

Еуроактив: Србија меѓу демократијата и литиумот

October 28, 2025

Додик не се откажува од референдум, засега се пречка „Муслиманите кои не знаат да прават ништо без Србите“

October 28, 2025
Фото: УНХЦР

Суданската армија го изгуби клучниот град од паравоените сили на RSF, ОН алармира за етнички мотивирани злосторства извршени од страна на RSF

October 28, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По предлог на Комисијата, Собранието денеска ќе одлучува за имунитетот на пратениците

December 1, 2017 09:14
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 25. седница за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради притвор за насилните настани на 27 април во Парламентот. За симнување на имунитетот потребно е просто мнозинство односно 61 глас. 

Со ова ќе заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет на Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

Извесно е дека Собранието ќе им го симне имунитетот на пратениците, но и покрај тоа тие, според македонската легислатива и Уставот, ќе останат на пратеничката функција се додека евентуалната пресуда на Кривичниот суд не стане правосилна и ако пратеникот е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Заседанието на Парламентот за симнување на имунитетот, спикерот Талат Џафери го закажа откако вчера Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања со поединечно гласање одлучи да им го симне имунитетот на шестмината пратеници. На седницата присуствуваа пратениците од СДСМ, како и неколкумина од ДУИ и Беса. Народните избраници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратениците за чиј имунитет се расправаше иако поканети не присуствуваа на седницата.

Единствен кој се обрати на седницата беше пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ, кој кусо оцени дека настаните од 27 април биле напад врз демократијата и уставниот поредок на земјата и обид за загрозување на животот на пратениците од тогашната опозиција. Институциите на Република Македонија, според него, имаат целосен кредибилитет, должност и одговорност до крај да го расчистат овој случај за правдата конечно да излезе на виделина и кривичните дела од ваков карактер никогаш да не се повторат.  Ситуацијата, додаде тој, е многу чиста, фактите се очигледни, аргументите се поголеми од сите нас.

„Лично уште кога се избираше Владата на Република Македонија им простив на нашите колеги пратеници, на сите оние што учествуваа на овој настан, затоа што човечки е да се прости, затоа што ни самите тие не биле свесни во каква игра биле ставени и што се можеше да се случи, но видов дека и тие никогаш нема да простат на оној кој им дал наредба да се впуштат во нешто од кое ќе се срамат и ќе се каат целиот свој живот“, истакна пратеникот од СДСМ. 

Кога сме исправени пред една ваква одлука, кажа Кирацовски, треба да бидеме свесни дека ние сме пратеници, обични луѓе и не смееме да се носиме над законот и да се ставаме во улога на судии и обвинители. Кои сме ние денес да попречуваме одредена судска постапка, праша пратеникот.

„Враќањето на правната држава, на правдата во Република Македонија е нешто за кое сите со години се боревме, а Собранието треба и мора да биде првиот пример каде што таа практика ќе владее. Никој не е над законот, па ниту ние пратениците“, рече Кирацовски, образложувајќи зошто гласаа за барањето на судот за симнување на имунитетот на шестмината пратеници.     

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се огласи со соопштение во кое наведува дека одлуката на Комисијата за деловничко и мандатно и имунитетни прашања не е базирана на факти и аргументи, туку на желбата за политички реваншизам на СДСМ и кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, но и кон многу граѓани.

„Лишувањето од слобода на пратеници е врвен доказ за непостоење на правен систем и непочитување на Уставот. Пораката што СДСМ ја прати со денешната одлука на партиската Комисија за мандатно-имунитетни прашања е дека СДСМ не сака да постои опозиција на нивното владеење ниту во Собранието, ниту надвор од него, стои во соопштението. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не сака да дава легитимитет на овие противуставни одлуки“, посочуваат од партијата.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, според нив, го премолче и го аминуваше прекршувањето на Уставот и Деловникот за работа на Собранието.

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли изјави дека виновниците за насилствата во македонското Собрание на 27 април треба да одговараат, но оти мора да се почитува и презумпцијата на невиност.

„Како што веќе кажавме, ние, како пријател и силен поддржувач на Република Македонија, ги следиме овие важни случувања. Полицијата, обвинителството, судскиот систем, треба да постапуваат транспарентно со целосно почитување на највисоките стандарди. Секако, ние, ЕУ, рековме дека одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но во процесот, исто така, мора да се почитува презумпцијата на невиност. И денеска во Парламентот ќе има важна дискусија. Тоа е улогата на Парламентот, да дискутира. Тоа е дел од демократското владеење“, рече амбасадорот Бејли.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлимунитеткомисијаОЈОпратенициСобрание
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ