• Latest

По прекинот предизвикан од жестока караница, ДИК продолжува да ги одбива приговорите на Беса

December 15, 2016

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По прекинот предизвикан од жестока караница, ДИК продолжува да ги одбива приговорите на Беса

December 15, 2016 16:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По жестоката караница меѓу партиските членови во ДИК, Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ и Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, претседателот Александар Чичаковски ја прекина седницата и даде пауза за да се намали тензијата.

ДИК со два гласа „за“ и седум „против“ го одби како неоснован и вториот приговор на Беса кој се однесува за изборните места 1119/1 1120 во Липково, поради регистритрани неправилности во постапката за гласање: групно и фамилијарно гласање, јавно гласање надвор од параванот, вршење притисок и агитирање пред гласачкото место и во ходникот. Причини за одбивањето, според седумината членови на ДИК се – дека за приговорите немало докази, дека не се поднесени приговори до Општинските изборни комисии навреме, на денот на изборите, како и дека овластените претставници на партиите што биле на избирачкото место го потпишале записникот.

И третиот приговор на Беса, за избирачкото место 2340 во село Грушино, Општина Арачиново, каде записникот бил потпишан само од два члена на Избирачкиот одбор, еден човек гласал за повеќе лица, а членовите на ИО „не ставиле печат на гласачки ливчиња“, сепак, беше одбиен со четири гласа „за“ и пет гласа „против“. Во хаотичната ситуација, се слушнаа дури и коментари дека се „работело за само 3 ливчиња“ кои немале печат!

По жестоката караница меѓу партиските членови во ДИК, Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ од една, и Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, од друга страна, претседателот Александар Чичаковски ја прекина седницата и даде пауза за да се намали тензијата.

Иако за групното и семејно гласање и агитирање пред избирачкото место, перманентно бил контактиран кол-центарот на ДИК, од каде немало никаква реакција, според членката на ДИК Бонева, не треба да се расправа за приговорот зашто набљудувачот на Беса на избирачкото место, како и другите партиски набљудувачи, не навеле проблеми и го потпишале.

И приговорот на Беса за Избирачкото место 2339, во село Орланци, Општина Арачиново беше одбиен.

Tags: АрачиновоБесаВиолета ДумаВМРО-ДПМНЕДИКИгор МилевЛипковоотворена седницаСашо СрцевСДСМСилвана Бонева
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ