Почна средбата на министерката Рената Дескоска со представници на парламентарните групи со кои ке разговара за Законот за Јавно обвинителство.
На средбата учествуваат и претставници од Американската амбасада и од ЕУ, како и претставници од Блупринт групата за реформи во правосудство- Неформална мрежа на граѓански организации.
Од ВМРО-ДПМНЕ учествува пратеникот Антонио Милошовски, а присутни се и пратеници од сите партии и независните групи. На оваа средба се очекува Дескоска да го претстави предлог решението за Законот за Јавно обвинителство.
А. Зеќири