• Latest

Почнaa Зимските олимписки игри, Дардан Дехари ја имаше честа да го носи македонското знаме на отварањето

February 5, 2022
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Почнaa Зимските олимписки игри, Дардан Дехари ја имаше честа да го носи македонското знаме на отварањето

February 5, 2022 10:10
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со церемонијален настан кој започна во 13 часот според средноевропско време на стадионот „Птичје гнездо“, вчера во Пекинг се отворија Зимските олимписки игри, пренесе Мета.мк

Оваа година учество ќе земат oколу 3.000 спортисти од 91 држава, кои ќе се натпреваруваат во 109 различни категории од вкупно 15 зимски спортови.

Претставници од Македонија се Ана Цветановска и Ставре Јада во категоријата нордиско трчање и Дардан Дехари во алпско скијање. Честа да го носи македонското знаме на свеченото отварање ја имаше Дардан Дехари.

Како што информираат од Македонскиот олимписки комитет, претходно беше најавено да му се придружи и Ана Цветановска, но таа исто како и Ставре Јада, нема да биде во можност поради контактот со нејзиниот тренер, Борче Јовановски кој е позитивен на корона вирусот, за што сега и двајцата спортисти се наоѓаат во изолација.

Првиот настап на Ана е денес, на 5-ти февруари, а следниот на 10-ти во дисциплините 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично нордиско трчање. Јада настапува на 8 и 19-ти февруари, додека Дехари ќе настапи во слалом (алпско скијање) на 13-ти февруари и во велеслалом на 16-ти февруари.

За специјалниот настан што се одржува по повод започнувањето на олимписките игри е задолжен најдобриот режисер од Кина Џанг Јиму, на кој исто така му припадна честа за осмислување на претходното отварање на летните олимписки игри во Пекинг во 2008 година што се одржа на истиот стадион, „Птичјо гнездо“. Ова е единствениот стадион во светот каде се одржале и летните и зимските олимписки игри.

Џанг Јиму се враќа на сцената за режирање на важниот настан по 14 години во целосно променети услови. Ситуацијата со вирусот ги ограничи неговите средства на намалување на изведувачите и времетраењето на церемонијата.

Моментално, мерките за заштита во милионскиот град се силно заострени поради зголемениот број на пријавени ковид инфекции во периодот од 24 до 30 јануари.

„Градот е поделен на два дела, внатрешен каде се наоѓаат организаторите, натпреварувачите и новинарите кои живеат како во балон, тестирани се секој ден, а нивната храна ја служат роботи и надворешен каде се наоѓа останатата популација“, јавуваат новинарите на Си-ен-ен.

За годинешните Зимски олимписки игри покрај внимавањето од заразување со корона вирусот, на сите кои пристигнаа од Федералното истражно биро (ФБИ) во САД им беше напоменато да ги остават своите телефони дома, и наместо тоа, да користат „привремени“ телефони поради опасност од кибер-напади.

24-тото издание на Зимските олимписки игри завршува на 20-ти февруари.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ