• Latest

Почнува ИФФК „Браќа Манаки“, 12 филма во трка за наградите „Камера 300“

September 22, 2018

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Почнува ИФФК „Браќа Манаки“, 12 филма во трка за наградите „Камера 300“

September 22, 2018 10:27
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Битола вечер свечено ќе биде отворен 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на кој до затворањето идната сабота под фестивалскиот слоган „Симнуваме капа“ ќе бидат прикажани 95 филма во 14 програми.

Ѕвезди на годинашниот фестивал се британскиот кинематогафер и оскаровец Роџер Дикинс, познат по соработката со браќата Коен, кому ќе му биде врачена „Златна камера 300“ за животно дело, и италијанската филмска дива со светска кариера Клаудија Кардинале, која во Битола ќе ја прими специјалната награда „Златна камера 300“. Актерката Милица Стојанова, пак, е лауреат на „Големата ѕвезда“ – награда што ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

Фестивалот ќе почне со сценско-музичко-поетски перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, а по свеченото отворање ќе бидат прикажани новиот краток игран филм „Љубовникот“ на Игор Иванов-Изи и „Истребувач 2049“ во чест на кинематограферот-лауреат  Дикинс, кој токму за овој филм го доби „Оскарот“ по 13 номинации. Во чест на Клаудија Кардинале, на втората фестивалска вечер ќе биде прикажан филмот „Благородни лаги“.

Роџер Дикинс

Во главната програма за трите награди „Камера 300“ (златна, сребрена и бронзена) за најдобар кинематографер годинава ќе се натпреваруваат 12 филма по избор на селекторот Благоја Куновски-Доре: „Транзит“ (Германија); „Студена војна“ (Полска); „Зимски муви“ (Чешка); „Лето“ (Русија); „Ага“ (Бугарија); „Горење“ (Јужна Кореја); „Фокстрот“ (Израел); „Нико“ (Италија); „Пепелта е најчисто бело“ (Кина); „Недвижен имот“ (Шведска), „Девојка“ (Белгија) и хитот во САД, „Црниот кју-клукс-клановец“ на Спајк Ли.

Сите биле во компетитивните програми на трите најголеми фестивали Кан, Берлин и Венеција и еден од Карлови Вари. Одлуката за трите награди ќе ја донесе петчлено меѓународно жири.

Покрај познатите филмски програми (Документарни, Кратки филмови,  Перспективи на европскиот филм, МК поинт…) годинава ИФФК ќе има и нова програма – „Полноќен јавач“ со полноќни проекции на филмски класици – мајстори на хоророт.

Фестивалот на 29 септември ќе заврши со доделување на наградите од главната програма, а за затворањето ќе биде прикажан краткиот филм „Скаут“ на македонскиот режисер Алекс Цветков, кој живее во САД.

Плакатот за 39-тото издание на фестивалот, со слоганот „Симнуваме капа“ (Hats off), е креативно решение на маркетинг-агенцијата „Меккен Скопје“ и инспирирано од безвременските капи на браќата Манаки и градот во кој живееле и твореле. Капите лебдат врз еден препознатлив објект во Битола (Завод и Музеј), а пораката е благодарност за нивната работа и за сите што придонеле во градењето на фестивалот во изминатите речиси четири децении.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ