• Latest

Почнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

March 18, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Почнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

March 18, 2022 14:45
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство соопшти дека со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата.

На секое од овие места, согласно распоредот, како што се посочува, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19. Исто така, на овие локации граѓаните кои се вакцинирани во странство ќе имаат можност да се евидентираат во системот „МојТермин“.

-Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена. Одлуката за вакцинирање не треба да се одложува. Вакцинирањето е побезбеден начин за заштита на здравјето, отколку инфекцијата со вирусот, која може да доведе до смртен исход, а бустер дозите овозможуваат континуирана и максимална заштита. Покрај активностите од караванот за вакцинација, кои ќе се реализираат во следните две недели и ќе опфатат 14 локални заедници, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата, потенцираат од Министерството.

Инаку, како што нагласуваат, статистичките податоци покажуваат дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализации и смртни случаи, предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата, така што со овој караван целта е да ја приближиме можноста за вакцинирање до сите категории граѓани кои досега не се вакцинирале.

Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини. Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата, информираат од Министерството за здравство.

Организираниот караван за вакцинација ќе се спроведува на 21 март од 11 до 15 часот на плоштадот во Шуто Оризари, на 22 март од 12 до 16 часот на плоштадот во Кратово, на 23 март од 12 до 16 часот на плоштадот во Радовиш, на 24 март од 12 до 16 часот на плоштадот во Струмица, на 25 март од 12 до 16 часот на пазарот во струмичко Ново Село, на 26 март од 11 до 15 часот пред Ист Гејт Мол во Скопје, на 27 март од 11 до 15 часот на плоштадот во Куманово, на 28 март од 12 до 16 часот на паркингот во селото Матејче во Липково, на 29 март од 12 до 16 часот до поштата во Арачиново, на 30 март од 12 до 16 часот во ОЈУ Партизански дом во село Сандево во Чучер Сандево, на 31 март од 12 до 16 часот во дворот ОУ „Марко Цепенков“ во Зелениково, на 1 април од 12 до 16 часот во Домот на културата во село Неготино во Врапчиште, на 2 април од 11 до 15 часот во Домот на културата во Кичево и на 3 април од 11 до 15 часот кај новото шеталиште во Струга.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ