• Latest

Под мотото „Возиме за бегалците“ одбележан Светскиот ден на бегалците

June 20, 2022
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Под мотото „Возиме за бегалците“ одбележан Светскиот ден на бегалците

June 20, 2022 12:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Возиме за бегалците“ и со велосипедска тура во Градскиот парк во Скопје и на кејот на Вардар, бројни институции и здруженија денеска го одбележаа Светскиот ден на бегалците.

Турата обедини организации, институции, баратели на азил и бегалци, организирани од Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР. Сите учесници возеа велосипеди за да ги испратат пораките дека сите ние ја споделуваме одговорноста да ги штитиме луѓето кои бараат сигурност и дека секој има право да побара азил – Кој и да е. Од каде и да доаѓа. Кога и да е потребно.

На настанот присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која порача дека на бегалците треба да им овозможи засолниште и можност да пронајдат мир.

– Нашата земја и нашите граѓани, во многу претходни бегалски кризи, докажале дека хуманоста е над сè и заштитата на најранливите лица е приоритет на државата. Затоа, Министерството за труд и социјална политика останува посветено на остварување на хуманитарните, социјалните и развојните цели со што се зајакнува праведното и инклузивно општество токму за бегалците водејќи се од паролата: Секој има право да биде безбеден, потенцира министерката.

Претставничката на УНХЦР, Моника Сандри, пак истакна дека војната во Украина расели преку седум милиони луѓе, а на овој начин се искажува солидарноста и поддршката за сите бегалците ширум светот.

– Неодамна, одбележавме преминување на тежок праг: бројот на луѓе приморани да избегаат од конфликт, војна, прогон и кршења на човековите права надмина 100 милиони првпат откако се бележи таа статистика. Само оваа година, војната во Украина расели преку седум милиони луѓе во државата и уште повеќе од пет милиони надвор од границите на земјата. Згора на тоа, има нови или продолжени насилства во Етиопија, Буркина Фасо, Мјанмар, Нигерија, Авганистан, Демократската Република Конго и други. Овие бројки се огромни и неприфатливи. Но, со самото тоа што сте тука и ја искажувате вашата солидарност, вие покажувате дека ги поддржувате бегалците и сте посветени кон заштитата на секој човек кој е приморан да избега, рече Сандри.

Со свој тим велосипедисти, составен од свои вработените, кон акцијата се придружи и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Стартот за велосипедистите беше реализиран од три места во Скопје: за 8:00 наутро за турите од Мост „Обединети Нации“, населбата “Карпош 4“ и од Мост Близнак на Вардар во населбатата „Аеродром“, а стартот за турата со појдовна точка на крстосницата кај Булевар „Илинден“, сероисточно од популарно именуваната „Воена Болница“, се изврши во 8:15 наутро. На секоја од трите тури имаше назначени редари кои ги насочуваа велосипедистите кон крајната заедничка дестинација во централниот дел на Градскиот парк во населбата „Центар“. Црвениот крст на град Скопје со две медицински екипи беше присутен во случај на медицинска потреба кај учесниците на велосипедската тура, е наведено во соопштението.

Тимот велосепидисти на ЦУК, бил составен од рекреативни велосипедисти, меѓу кои и велосипедисти коишто редовно, речиси секој викенд поминуваат и над 100, па и до 250 километри долги тури.

Веслосипедската тура е во организација на Агенцијата за бегалци при ОН, УНХЦР, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Црвениот крст на град Скопје, Македонското здружение на млади правници, Младинскиот образовен форум и Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ