-Ние сме денеска тука за да ви ја презентираме нашата иницијатива за кандидирање и листата за Советот на општина Тетово на локалните избори кои ќе се одржат во октомври. Ние сме луѓе од граѓански сектор, луѓе со различни професии. Знаеме во каква состојба се наоѓа нашето Тетово, колку е деградирано и ние сакаме да ги претставиме сите проблеми внатре во Советот на општина Тетово, рече Хамди Сулејмани, граѓански активист, на денешната прес-конференција.
Иницијативата #Подобро за Тетово е називисна од политичките партии и ќе се залага за заштита на интересите на граѓаните, истакнаа активистите.


Од Иницијативата #Подобро за Тетово упатија покана до сите граѓани за здружување за општо добро.













































