Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва пристигнува во Скопје, каде утре ќе се сретне со лидерите на парламентарните политички партии, а кко опција е и средба со претседателот Ѓорге Иванов.
„Комесарот Хан ќе биде во Скопје во четврток на 9 февруари, на состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика од шесте земји на Западен Балкан… На маргините, комесарот Хан, исто така, ќе има и билатерални разговори, меѓу кои и со претставници на сите политички партии на земјата-домаќин“, најави портпаролката Маја Коцијанчич.
Ова е прва посета на Хан на Македонија, по предвремените избори на 11-ти декември 2016. Во неговата последна изјава за Македонија, тој изрази очекување дека ќе се формира влада, поддржана од широко парламентарно мнозинство, која потоа, итно ќе ги спроведе неопходните реформи.