• Latest

Поддржувач и прокси играч на Путин со скрстени нозе среде Скопје!

January 28, 2025

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поддржувач и прокси играч на Путин со скрстени нозе среде Скопје!

January 28, 2025 13:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Северна Македонија постојано зборува за политичари на црната листа, а во исто време му приредува протоколарен прием со знамето на Република Српска на Милорад Додик, политичар санкциониран од американскиот Стејт департмент и Велика Британија, објави Фронтлајн.

– На сите им е позната политичката активност на господинот Додик, политичар кој е на американската и британската црна листа. Владата на Северна Македонија, која постојано зборува за политичари на црната листа, приредува протоколарен прием со знамето на Република Српска, голем дочек, на политичар кој Министерството за финансии на САД, исто така, зa него и за уште пет лица и една компанија воведе санкции за помош во збогатувањето на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и неговото семејство, изјави за „Фронтлајн“ политичкиот аналитичар Урим Салиу.

Таквите луѓе, вели тој, се меѓународно изолирани и не смее да им се оддаде почит, бидејќи, како што нагласи, Додик не ги застапува проевропските вредности, го негирал масакрот во Сребреница, а неговото присуство во Скопје е фатална грешка.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во ESPRESSO со наслов „Политичка временска машина: Режимот на Вучиќ се брани во СкопЉе“, со остар коментар за укажаното гостопримството на Додик.

„Режимот со седиште во Белград се брани, каде ако не – во СкопЉе! На сцената неизбежно беше да се појави и ѕвездата на радикалниот српски национализам, шефот на Република Српска, матрјошката Додик. Се подразбира, ваква журка не можеше да помине (и не помина) без амбасадорот на државата терорист во чиј скут седат балканските силеџии. За да биде славјето сенародно, не изостана ниту социјалдемократскиот шмек изразен со учество на највисоките претставници на партијата што до вчера беше на чело на прозападна влада, напиша покрај другото Дерала.

Ивон Величковски во текстот со наслов „Скопске подружнице СПЦ, СНС-а и СПС-а у Позоришту „Краља Петра“ у Скопљу“ вели – Очекувано беше Владата на ВМРО-ДПМНЕ со вчерашното одбележување на Св.Сава во Скопје да биде де факто домаќин на Вучиќевиот „српскиот свет“.

„Останувањето во салата на политичарите – Македонци при пораките на Порфириј за единство меѓу македонскиот и српскиот народ и говорот на Додик со кој де факто се негира геноцидот во Сребреница, за жал, зборува за длабока зависност на политичко Скопје од Белград“, пишува покрај другото Величковски.

И политичкиот аналитичар Сефер Селими реагираше на приемот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Селими вели дека Додик бил примен со сите официјални протоколи иако е на црната листа и поддржувач на Путин.

„Скрстени нозе среде официјално Скопје, со знамето на Република Српска, човекот на американската и британската црна листа, поддржувач и прокси играч на Путин“.

На посетата на Додик на Северна Македонија реагираа и партиите СДА Македонија, Демократската унија за интеграција и Бошњачкиот демократски сојуз.

Партијата СДА Македонија изразува жалење што „Владата станува покровител на настани за промоција на големосрпската политика“.

„Иразуваме револт што наместо достоинствена прослава на празникот, организаторите се одлучија за провокации преку пораки со кои се негира геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, како и со дипломатски скандали со кои се нарушуваат односите помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Жалиме што Владата на Р.Северна Македонија, откако го стопираше патот кон ЕУ, станува покровител на настани за промоција на големосрпската политика, со кои Северна Македонија забрзано влегува како чинител во “српскиот свет“, на што вчера аплаудираше и рускиот амбасадор во државата. Молкот на политичките партии од власта на овие провокации и дипломтаски скандали го сметаме како одобрување за Владата да продолжи со покровителство на настани со кои Северна Македонија станува дел од “српскиот свет“ и инструмент на големосрпската политика“, се нагласува во соопштението од СДА Македонија.

Од ДУИ истакнуваат: „Како е можно човек изолиран од демократскиот свет, кој шири поделби и омраза, да биде официјално пречекан од влада која тврди дека ги претставува евроатлантските вредности и меѓуетничкиот мир? Каква порака испраќа оваа влада до албанските граѓани, до семејствата на жртвите од геноцидите, до оние кои сè уште веруваат во правда и достоинство? Овој чин е тежок удар за Охридскиот договор и за соживотот. Присуството на Додик таму е шлаканица за жртвите на Сребреница, за Албанците и за секој граѓанин кој верува во слобода и еднаквост“.

Тоа, како што велат, е порака која покажува дека оваа влада покрај легитимитетот, изгубила секоја чувствителност за историјата и за човечкото достоинство.

Од Бошњачкиот демократски сојуз потенцират дека Додик ја посети Северна Македонија за да ѝ „помогне“ во евроинтеграцискиот процес како што и „помогна“ на Босна и Херцеговина.

– Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ во Владата на Република Северна Македонија денес оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција. Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа Влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа кои се осудени одредени лица а со чија глорификација и говор на омраза Додиќ направи и се уште ја одржува својата политичка кариера! Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи, реагират од партијата на Бошњаците во Северна Македонија.

Дестан Јонузи / Извор: Фронтлајн

Фото: ФБ на Стоиљковиќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ