ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Внимавајте на подмолноста на изјавата на министерката, дека математиката и физиката ќе ја развиваат критичката мисла НАМЕСТО предметите логика и етика.
Таа не го кажува овој збор („наместо”) со цел наставниците да стапнат на тенок мраз и да се свртат едни против други. Имено:
За каков развој на критичка мисла зборува ако Математика останува по старо со 3 часа, а тоа видовме какви резултати даде на ПИСА тестовите и притоа ја направила физиката – изборен предмет, со што дадена е патека за неизбор на физика?!
Врз основа на кои податоци, кои истражувања тврди било што за развој на критичката мисла? Врз основа на која стручна – научна подлога се сили дека ќе ја бранела „концепцијата”?
А и што останува да брани кога дала само 15 дена за „јавна дебата”?! При што, вистински јавната дебата не ја признава и дава вакви подли и паушални изјави, а официјалната „дебата” се одвива НЕТРАНСПАРЕНТНО на електронски мејл на БРО, насловен со javnadebata!
Па не знае човек дали да му е смешно или жално од безобразноста во целиот однос и на самите наставни планови!