• Latest

Поетски портрет на Радован Павловски во рамки на научната визита на МАНУ

August 19, 2018

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поетски портрет на Радован Павловски во рамки на научната визита на МАНУ

August 19, 2018 09:29
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во научниот и уметнички центар Куќа на Уранија –  МАНУ во Охрид, вечер, ќе се одржи „Поетски портрет на академик Радован Павловски”.

Радован Павловски е поет, есеист и патеписец, еден од најзначајните поети од средната македонска поетска генерација. Студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Белград и членувал во Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија. Од 1985 повторно живее во  Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ. Во творештво на Павловски, полно со метафори, преставена е македонската земја, народ, култура и историја.

Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговите родители, таткото Павле и мајката Достана, кои потекнуваат од македонското село Железна Река, Гостиварско, се враќаат во родното место, каде Радован го поминува своето детство. Таму завршува основно образование, а средното образование во Гостивар. Потоа студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Својот живот го посветува на пишуваната поезија. Од појавата на првите песни до денес, неговото творештво го поврзуваат со македонскиот идентитет, со битието на древниот, сегашен и иден македонски народ и нација. Неговата поезија е специфична во својата метафорика, со изграден посебен култ кон сликата, кон природата, кон навраќање на стварниот и замислениот свет на поетовиот роден крај, Железна Река.  Секоја песна, длабоко произлегува од неговиот живот, од неговата врска со сите времиња на сопствениот народ и неговото битие. Движејќи се по своите патишта, тој во творештвото не само што се открива себеси, туку и македонскиот народ, кој како вечен мит од најдревните времиња до денес, па и во иднина ќе биде светла точка на светската историја.

Добитник е на републичките награди: „Браќа Миладиновци” (1965), „11- ти Октомври” (1971), „Кочо Рацин” (1991) и „Ацо Шопов” (1995), како и на повеќе меѓународни признанија.

Поезијата на Радован Павловски е преведувана на околу 50 јазици, меѓу кои на англиски, арапски, грчки, германски, италијански, кинески, руски, француски и шпански јазик, а застапена е и во многу антологии на современата македонска, европска и светска поезија. Во 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. (МИА)

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ