На прашањето на ЦИВИЛ, кое го постави на Фејсбук страницата – Дали новата Влада е проевропска?, коментираа стотина граѓан(к)и и најголемиот дел од коментарите се позитивни.
Со кратко „да“ одговорија 85 граѓан(к)и, додека со „не“ одговорија само тројца.
Суад Шаќири коментира: „Не знам дека постои некој што не е за ЕУ во РСМ“.
Љубица Колчева вели дека оваа Влада уште од првиот ден била проевропска и така и ќе остане.
Мал дел од граѓаните според коментарите не веруваат во ниту една влада.
Нехат Елези коментира: Проевропска? Европа има закони еднакви за сите, ама баш за сите! Со тие закони се контролираат и санкционираат сите граѓани што не е во склоп на законите! Јас сум убеден дека ниту една влада не е проевропска! Ни треба намалување на корупцијата, непотизмот и невработеноста, а за возврат треба подигнивање на свеста, економијата, платите и моралот!
Има и два коментари кои се со говор на омраза.
Д.М.