• Latest
илустрација: Крис Маден (сите права се задржани)

Политичката паланка против Зоран Заев

November 28, 2020
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Политичката паланка против Зоран Заев

Еден ден, некој ќе дојде пред портите на умот и силно ќе затропа со дршката од остриот меч на вистината. Во ерата на пост-вистината, политичарите веќе одамна не се потпираат на аргументи, туку на манипулации и провокации на емоциите кај луѓето. А тоа, политичката и квази експертската паланка кај нас го усовршува секој ден, до граници на неизлечива болест.

November 28, 2020 12:52
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
илустрација: Крис Маден (сите права се задржани)

илустрација: Крис Маден (сите права се задржани)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Оди Тито на оној свет и го среќава Хитлер. „Еј камарад Тито, како си? Како е на Земјата? Што се случи по мојата смрт?“ Тито го одмерува и мрзоволно му одговара на еден од најголемите злотвори во човековата историја: „Како да ти кажам… Нашите Југословени одат во Германија да работат, а Германците доаѓаат на нашето море да одмараат.“ Таман Тито тргнува да му го сврти грбот и да замине, кога Хитлер возбудено и радосно воскликнува: „Вундербар! Прекрасно! Па за тоа и јас се борев!“

Толку од хуморот, сега да продолжиме „малку“ посериозно.

Со сиот ризик дека некој ќе ми го одрече правото да говорам и пишувам за земјата во која сум се родил, живеам, работам и придонесувам, ќе го дадам својот прилог кон јавната дебата која се покрена деновиве по интервјуто со премиерот Зоран Заев. Да, ми се случило да ми кажат дека јас, бидејќи не сум етнички Македонец, немам право да дискутирам за македонското минато, сегашност и иднина, под изговор дека тоа се идентитетски прашања. Но тоа е друга приказна, уште потревожна од оваа. Сакам тука да дадам неколку мои лични оценки и опсервации, по повод интервјуто, но и за работите пред и потоа.

ЕМОТИВЕН, КАКО И СЕКОГАШ

Заев беше емотивен, како и секогаш. Активисти, новинари, дипломати, случајни минувачи, за него ќе посведочат дека секогаш е непосреден и искрен во своите одговори, им се предава на своите чувства и сака да ги одговори сите прашања, па и оние за кои ни малку не е подготвен, иако најчесто покажува дека е сестрано и добро информиран. Сепак, на моменти е брзоплет и знае да откине некоја „зелена“, како што вели и самиот, а за што секогаш и без исклучок нуди искрено признание, извинување и исправка, што е исклучително ретко во светот на политичарите. Тоа што е искрен, на некој начин, му штети како на политичар и јавна личност, но го прави човечен и близок до луѓето.

Таков беше и во интервјуто за БГНЕС. Искрено, ама навистина искрено и до крај, одговори на сите прашања кои се тешки и деликатни, иако тој некако прави да изгледаат лесни и едноставни. Од неговите изјави се гледа дека е извонредно добро информиран, а тешките процеси и настани во историјата ги „преведува“ на едноставен начин, со секојдневен говор. И гледа решение за секој проблем. Ведар, позитивен, искрен, без калкулации за сопствениот политички рејтинг, Заев уште еднаш покажа обединувачки, модерен и европски дух, исфилтриран низ ситото на македонската добродушност и помирливост. Со неколку гафови (ние сме источен сосед на Бугарија), но со многу добри поенти и реалистични гаранции и аргументи, тој уверливо говореше дека нема потреба од загриженост на било која страна од непотребно подигнатите тензии и ѕидови меѓу двете земји.

Што кажа Заев? Деновиве, неколку илјади пати е преџвакан и толкуван секој збор од интервјуто, па можеби ќе мислите дека и јас ќе се впуштам во „длабокоумни анализи“, но бидете спокојни, ова не е „апологија“ на Заев (како што ќе побрзаат троловите да напишат на социјалните мрежи), туку деконструкција на лагите, глупоста и ароганцијата. И онака целата драма има поинаква позадина, која нема врска ни со македонско-бугарските односи, а со што допрва ќе се соочуваме и ќе си патиме ако не ни дојде памет на време.

ОДГОВОРИТЕ СЕ ЛЕСНИ, НИВНОТО ПРИФАЌАЊЕ Е ТЕШКО

Заев е фокусиран на сегашноста, а уште повеќе на иднината. Не ги одбегнува прашањата на минатото, но нив ги гледа како основа за градење заедничка иднина, а не како причина за раздор. Решил човекот да решава проблеми, а не да ги создава или да ги става под тепих. Дали тоа е толку неприфатливо? Или е неверојатно?

Во интервјуто за БГНЕС тој кажа дека Југославија ги поделила двете земји, Северна Македонија и Бугарија. Со тоа не кажа дека Југославија е лоша или добра. А точно е дека двете земји беа длабоко поделени и дека на Бугарија со децении се гледаше со потценување и како на непријателска земја. Таа политика, а со тоа и јавната перцепција за Бугарија продолжи и во постјугословенскиот период. Кај многумина и до денес. Факт.

Бугарија не е фашистичка земја. Добро, дали е фашистичка? Дали Италија е фашистичка? Албанија, Шпанија… дали се фашистички? Дали Германија е нацистичка? Или Франција, Норвешка, Хрватска, Унгарија, Украина, Србија и други? (Одлична забелешка на новинарот Нешков во овој контекст.)

Дали властите во дваесетина држави во Европа и низ светот за време на Втората светска војна, биле ултранационалистички, фашистички, односно нацистички, и дали радосно и спремно формираа квислиншки режими, наречени според норвешкиот колаборатор Видкун Квислинг? И дали дел од сите тие „администрации“ ни униформите не ги смениле, туку само значките на капите и се придружиле кон сојузничките сили во самото финале на Втората светска војна.

Одговорите се лесни, нивното прифаќање е тешко. Затоа, прочитајте некоја добра книга, поткована со проверени факти и документи. Прогуглајте ако ви се брза, а не знаете или не ви текнува.

МЕЃУ МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА

За Гоце Делчев познато е дека самиот се претставувал како Бугарин или Македонски Бугарин, но и како Македонец. Бил социјалист или барем ги поддржувал социјалистичките идеи, бил против окупацијата и доминацијата над малите народи, што е поважно отколку тоа дали бил Македонец, Бугарин или и двете, што е сосема можно. Заев вели дека е заеднички и дека, да го немало, требало да го измислиме – во една реченица изгради мост преку немирните води на недоразбирањата. Како тоа значи дека се откажал од нешто, не ми е јасно… Еве, Никола Тесла бил Србин, Хрват или Американец? Или сите три? Според мене, тој е „само“ еден голем светски изумител. Ова не е ниту дигресија, ниту одбегнување на расправата, туку само растерување на отровната магла.

Како претседател на Владата, Заев уште еднаш даде цврсти гаранции, па и примери за тоа дека решително ќе се спротивстави на говорот на омразата. Тука го наведе примерот на познатиот новинарски ветеран Зоран Иванов, за кого побара разрешување од Управниот одбор на државната МИА. Дали реакцијата беше драстична или не, е сосема друго прашање, може и за тоа да се дебатира. Но и тоа не значи дека од нешто се откажал, напротив, покажа дека е спремен да гради искрено пријателство.

Дали Зоран Заев се откажа од идентитетот на Македонците како автохтон народ и од македонскиот како засебен јазик во групата словенски јазици? Дали со било кој збор го направи тоа, директно или индиректно? Во ниеден момент, ниту тој, ниту било кој претставник на македонската влада или било која институција, не го направил тоа. Ако некој ги слушнал или прочитал, добро е да го објави тоа.

Тврдењата на разни паразити, заразни инсекти и влекачи во политиката не се аргументи. Тие можат сешто да кажат, како што и кажуваат, но тоа не значи дека навистина се случило. Тоа може да значи само дека лажат, како и секогаш, ништо повеќе.

ЛАЖЕТЕ!

Цело време се труби дека во прашање е историјата… „Историјата е јасно утврдена, пред сè од историчарите, и може да биде добар мост за пријателство и соработка“ – изјави Заев. Што има проблематично тука? И, на крајот на краиштата, ако велиме дека историчарите, па и јавноста во Бугарија имаат мака да започнат процес на соочување со минатото, дали можеби треба да се започне од сопствениот двор? Наместо да ископувам делови од моите архиви и сознанија, сакам тука да се послужам со кратката дебата меѓу проф. Катерина Колозова и некои Фејсбук „експерти“ (молам да ми простат ако не знам колку се големи и важни).

„ПОД ЕДЕН, тест за вашата сопствена фашизоидност. Како звучи следново: „Германија не е нацизам. Германија е пријателска земја.“ И како звучи „Германија е нацизам, Германија е непријателска земја“? Сега, заменете „Германија“ со „Бугарија“. ПОД ДВА: И сега вака – БЕЗ ЛАЖЕЊЕ, никаде немаше негација на фашистичката ИСТОРИЈА на Бугарија. Лажете – не негираше историја. Формулацијата е во сегашно време. Вистиномери? Да проверевте нешто? Да наведевте цитати?“ – пишува Колозова, кратко, јасно, прецизно. Токму така, вистинскиот збор е: ЛАЖЕТЕ!

На тоа следи инаетлив коментар кој нема врска со темата:

„А како звучи ова: Ние Бугарите, се извинуваме за злосторствата во Втората светска војна направени врз македонското население…“

Колозова одговари:

„А како звучи ова? Ние Македонците, признаваме дека 80% од бугарската фашистичка администрација ја сочинувале македонски колаборационисти и се извинуваме на протераните и убиени Евреи од Скопје. И со тоа и самите преземаме одговорност за злоделата. Плус, strawman аргумент ти е ова – бидејќи не е темата што кажале Бугарите, туку темата е дали се лаже околу тоа што изјавил Заев.“ (strawman argument – аргументот на човекот што се фаќа за сламка или: постапка на замена на тезите, н.з.)

Од оваа интеракција, по која следат уште 183 коментари и одговори до моментот кога го пишувам ова, со малку концентрација, просечно интелигентен човек може без напор да утврди колку се неразумни, нелогични и дефокусирачки дебатите во јавноста. Се говори за едно, но дефокусирањето и манипулирањето со фактите и со темите, замената на тезите и избегнувањето на директно вкрстување на аргументите, стана толку вообичаен начин на интеракција во јавноста, социјалните мрежи, а секако и во медиумите, што еден ваков бравурозен, краток и јасен погодок како овој од интелектуалка од светски ранг, каква што е Колозова, изгледа како осамен остров среде океан.

КОГА ВИСТИНАТА ЌЕ ТРОПНЕ НА ПОРТИТЕ НА УМОТ

Навистина, вистиномерите имаат тешка, но неодложна задача. Интелектуалците и политичарите мора да им ги отворат очите на луѓето и да кажат дека не постои „небески“ антифашистички народ. Можеби со лаги се живее полесно, но лагите никогаш не траат вечно.

Еден ден, некој ќе дојде пред портите на умот и силно ќе затропа со дршката од остриот меч на вистината. Во ерата на пост-вистината, политичарите веќе одамна не се потпираат на аргументи, туку на манипулации и провокации на емоциите кај луѓето. А тоа, политичката и квази експертската паланка кај нас го усовршува секој ден, до граници на неизлечива болест.

Затоа и настапите на Заев се лесен плен за пропагандистичките предатори на кои нималку не им е важно дали тој ја говори вистината, дали во неговите изјави има аргументи и визии, дали неговите политики ги промовираат европските вредности… Не, важно е да се нападне и да се спечали поен повеќе денеска. За утре, нека му ја мислат токму нивните мети, одговорните политичари и интелектуалци, кои се спремни да поднесат огромни жртви за јавното добро.

ПРОСТОТИЛАК И АРОГАНЦИЈА

Со ова мое писание, ни оддалеку немам намера да им парирам на врескачите и лажните патриоти. Но важно е да им се укаже на тие во кои сé уште останал здрав разум, дека си имаме работа со обични измамници. Тие „патриоти“ своевремено, како што сведочи и бугарскиот новинар Љубчо Нешков, низ солзи го откривале своето блгарско самочувствие, а сега се предводници на ултранационалистичка реторика и кампања на омразата. Новинарот Нешков како пример го посочи Милошоски, кој му се исповедал на времето, во својство на министер за надворешни работи. Во своето интервју, тој го посочи и Мицкоски во истиот контекст. Но заблудените се во потрага по звукот на ѕвоното на овенот, а не по фактите.

Ете, помина време, но тие со ништо не покажаа намера да ги оспорат сведоштвата на Нешков. Но тоа не е невообичаено за вмровците, како и за сите како нив, било нивни сојузници или нивни приврзоци, идеолошки, политички или криминални (или сé заедно). Повеќето се навикнаа на тоа мизерно тролање од националистите, а голем дел од медиумите ги признаваат како легитимна политичка структура, но и тоа е друга тревожна приказна.

Јас, пак, како и голем број луѓе, сум сé понетрпелив кон простотилакот и ароганцијата што со децении наназад ја манифестираат криминалните ликови во политиката. Нивниот простотилак и насилство избрка стотици илјади млади (криво ми е што не заминав и јас), ја ограбија земјата, негуваа неписменост, назадност и насилништво кај младите, и ја заглавија земјата во мрачен ќорсокак со децении. И треба да негувам дијалог во кој тие и онака не учествуваат и да ги тинтрам како легитимни претставници на некого и на нешто?

Не. Можат само да одат по ѓаволите.

Ако некој има намера да разговара со концентрација, фокус, минимум интелигенција и аргументи, нека повели. Останатите, навистина немам време да ги слушам, а ниту да ги трпам во име на некоја пристојност. Не знам зошто вие ги трпите.

#НеТрпамПростотилак
#МршТапоглавци

 


илустрација: Крис Маден (сите права се задржани, преземањето на илустрацијата не е дозволено)


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ