• Latest

„Политико“: Како одговор на царините на Трамп, ЕУ би можела да се сврти кон земјите од Пацификот

June 30, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Политико“: Како одговор на царините на Трамп, ЕУ би можела да се сврти кон земјите од Пацификот

June 30, 2025 12:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европа се повеќе е заситена од трговските закани на американскиот претседател Доналд Трамп и разгледува смел потег да се сврти кон Азиско-пацифичкиот регион во потрага по партнери кои сакаат да играат според воспоставените правила на меѓународната трговија, наведува бриселскиот портал „Политико“. 

Како одговор на едностраните и произволни царини на Трамп, кои би можеле да се зголемат до 50 проценти од 9 јули доколку преговарачите на ЕУ и САД не постигнат трговски договор, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, според порталот, планира да се здружи со земјите од Сеопфатниот и прогресивен договор за Транспацифичко партнерство (ЦПТПП), кој, меѓу другите, ги опфаќа и Австралија, Јапонија, Канада и Мексико, а од декември минатата година и Велика Британија.

– Заедно, 39-те земји од ЕУ и ЦПТПП сочинуваат 30 проценти од вкупната светска трговија. Формирањето коалиција на овие земји, тврдат нејзините поддржувачи, би можело да означи прв чекор кон преконфигурирање на меѓународниот трговски поредок и избегнување на институционалната парализа што ја зафаќа Светската трговска организација, наведува „Политико“.

Според извори во Европска комисија, за ваквата идеја Фон дер Лајен говорела и пред лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел во четвртокот, при што посочила дека таквото здружување „би ги редизајнирало правилата на глобалната трговија, реформирајќи го или можеби дури и заменувајќи го телото за правила во глобалната трговија“.

Фон дер Лајен смета дека здружувањето на ЕУ и земјите од Транспацифичкото партнерство би покажало дека е можна слободна трговија заснована на правила меѓу повеќе држави.

Експерти сметаат дека оваа идеја не е невозможна, но дека земјите ќе треба да „дадат ветување“ дека ќе ги почитување на воспоставените правила на мултилатералната трговија и да ги одржуваат своите пазари отворени едни за други.

Според нив, ваквото здружување би испратило сигнал до Вашингтон дека многу значаен дел од глобалната економија, вклучувајќи ги речиси сите традиционално најблиски партнери на САД, остануваат посветени на трговскиот систем базиран на правила.

Инаку, САД беа меѓу потписниците на првичната верзија на Транспацифичкото партнерство во 2016 година, но се повлекоа од договорот за време на првиот мандат на Трамп во 2017 година.

Поранешениот главен трговски преговарач на ЕУ, Игнасио Гарсија Берсеро смета дека сепак ова потенцијалното партнерство меѓу ЕУ и ЦПТПП не треба „да им ја затвори вратата“ на Американците, ниту пак да се користи за да се антагонизира Трамп, пишува Политико. 

– Сепак, ако САД не се подготвени да се приклучат затоа што не веруваат дека решение за  проблемите се правилата, другите ќе мора да продолжат без САД, изјави Гарсија Берсеро за „Политико“.

Потписници на сегашната верзија на Сеопфатниот и прогресивен договор за Транспацифичко партнерство од јануари 2018 година се Австралија, Брунеи, Велика Британија, Виетнам, Јапонија, Канада, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Чиле. ЦПТПП стапи во сила на 30 декември 2018 година, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ