Categories

ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ Полицаец загина во железничка несреќа кај Хиподром

Полициски службеник од Полициската станица Гази Баба загина во железничката несреќа што утрово се случи на преминот кај Хиподром во Скопје, известува анонимен граѓански новинар.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје изутинава во 5.50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР. Воизлото го управувал А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој врши увид на местото на несреќата.

Д.М.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email