На репортерот на Фронтлајн не му беше дозволено снимање на спектаклот што техничкиот министер за внатрешни работи го прави со ангажирање на 80 полициски возила на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски вечерва. Како што претходно известија од Фронтлајн, неофицијално, Чулев снима видео спот, а официјална информација за овој настан – нема.
Репортерот на Фронтлајн уредно се претставил и легитимирал, со прашање дали може да го сними настанот, но тоа не му било дозволено. Сепак, кратка снимка за настанот има.
извор Фронтлајн