• Latest

Полицијата уапси гостиварец оти пукал петарди на свадба

August 5, 2019

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Полицијата уапси гостиварец оти пукал петарди на свадба

Но, полицијата не беше толку ригорозна кога пред шест дена синот на пратеникот од ДУИ, Џевад Адеми и уште едно лице беа ранети на свадбена прослава во Мала Речица.

August 5, 2019 13:42
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Пукањето на веселби, особено во летниот период е зачестена појава и притоа се регистрирани и потешки инциденти. Полициски службеници, вчеравечер, го привеле гостиварецот Ш.К, (49) кој на свадбена веселба организирана во дворот од неговата куќа во населбата „Бањешница“, го нарушил јавниот ред и мир со пукање со пиротехнички средства. По целосното расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Во саботата, полицијата го лиши од слобода 53-годишниот Б.Ф. во чиј дом се одржувала свадбата. Тој се сомничи дека пукал со огненото оружје при што беа ранети две жени.

Од СВР Тетово нагласуваат дека спроведуваат засилени контроли  за откривање и законско санкционирање на „пукањата“ и приредувањето на огномети без одобрение.

Но, полицијата не беше толку ригорозна кога пред шест дена синот на пратеникот од ДУИ, Џевад Адеми и уште едно лице беа ранети на свадбена прослава во Мала Речица.

„На 30.7.2019 околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Вчера на свадбена свеченост што ја организирал гостиварец А.С. (45) на улица „137“ во Гостивар, бил нарушен јавениот ред и мир со пукање од огнено оружје. По извршениот увид, а А.С. повикан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Пукањето од огнено оружје на свечености е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и се казнува со глоба 200 до 500 евра.

Во случаи со повредување и ранување тоа може да се третира и како кривично дело „предизвикување на општа опасност”, кое се санкционира со затворска казна од 1 до 5, односно 10 години.

Д.М.

Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ