• Latest

Полициски час ноќе, мераци дење!

March 9, 2021
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Полициски час ноќе, мераци дење!

March 9, 2021 12:23
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Комисијата за заразни болести и препорача на владата да спроведе мерка  полициски час, од 22 до 05 часот, две недели. Препораката доаѓа по покачувањето на бројките со заболени од Ковид -19, и опасноста од брзото ширење на британскиот сој на вирусот.

Превентивната  мерка полициски час, со оваа временска поставеност, веројатно нема да го даде саканиот ефект, односно, нема да ја намали бројката на заболени , со оглед на тоа дека од 05 часот наутро  до 22 часот ( а тоа е цел ден, и добар дел од вечерните часови) граѓаните се движат слободно.  Автобусите се преполни веќе од раните утрински часови, не се применува мерката намален капацитет на патници, сите седишта се окупирани, патниците се допираат, се создава гужва при влез и излез од автобусите, а тука се и патниците што не носат заштитни маски. ЈСП ( а можеби треба и Град Скопје) досега  не одреди контролори  или редари што ќе се погрижат тие патници да не се качуваат во автобуси, или да ги симнуваат, додека контролорите за автобуски билети ( често се и по три –четири заедно) „хараат“ по автобуси во потрага на патници без билети, и притоа се крајно арогантни, небаре фатиле некој со бомба!

Носењето заштитна маска на отворено е оправдана и потребна мерка, но, според другите практики како што е седнување по кафулиња и ресторани каде што нели, се оди на пијалак или закуска, се трга маската од лице, како со магично стапче да го снемува вирусот, е нелогична и во најмала рака, апсурдна!

Во текот на изминатата година се покажа дека по 22 часот младите се собираат по куќи и се дружат до утринските часови,  така што полицискиот час од 22 до 05 часот, ако се мисли на избегнување „собиранки “ на отворено, не е ефективен.

Во текот на изминатата година владата спроведе мерка полициски час во неколку наврати,  имавме  пар тридневни полициски часови, ограничување на движењето со различна временска поставеност и времетраење,  и мерките некаде дадоа ефект, а некаде не, односно, ја влошија состојбата, првенствено заради неодговорните граѓани коишто никако не можеа да се оттргнат од верските ритуали (причести со една лажичка, масовни верски собири, одење по ифтари, посети за Бајрам), кафе ритуалите и други ситни секојдневни ритуали кои „живот значат“,  а секако и заради недоволното или минималното  почитување и спроведување на превентивните мерки (ќе кажам лаички – опомена пред казна или пред-казнени мерки) коишто веројатно постојат некаде запишани и одредени по закон.

Дури, неколку пати не беа прифатени препораките на Комисијата за заразни болести, како на пример во случајот со верскиот празник Бајрам, кога од владата решија полицискиот час да почне на самиот празничен ден, и тоа по 10 часот претпладне, наместо ден порано. А во јавноста се шпекулираше ( и се покажа дека е така) дека поранешниот Реис, фамозниот Ефенди Сулејман Реџепи, ќе се жени на ден Бајрам, па му „учиниле“!

Се чини дека превентивните мерки во форма на полициски час се одредуваат според „желби“ и потреби на разни чинители и настани на политичката и бизнис сферата, како што се покажа во текот на изминатата година во пандемија, а продолжува и во оваа, веќе трети месец нова година.

Превентивните мерки против ширење на вирусот се спроведуваат во одредени временски периоди  низ цел свет, а во некои држави и постојано, со полициски час веќе од раните попладневни часови. Мерките се спроведуваат заради заштита на населението, но и заради оптовареноста на здравствениот систем и болничките капацитети, како и  човечките ресурси на здравствените работници коишто се повеќе од една година на првата линија во борбата со Ковид-19.

Мерките мора да бидат во согласност со фактичките состојби, а не според некакви обратни модели или логика на тоа што е очигледно. Затоа, мерката полициски час е потребна, но не со оваа временска поставеност и попустливост. Со ваква неодговорност од двете страни ( граѓани и власт), и да креираат вакцини со неопределен, односно инфинитивен рок на траење, вирусот нема да поштеди никого, па кој преживее ( лесно), ќе раскажува.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ