Полициски служебеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за постака, која е во тек, потврдија за МИА од Обвинителството.
Одземени им се мобилните телефони, а полициските службеници се пред надлежен јавен обвинител, велат од Обвинителствот и додаваат дека во моментов не можат да изнесат повеќе детали.
Претходно дел од медиумите објавија дека се спроведуваат апсења за високи полициски службеници од тимот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев поради оддавање на службени тајни, документи, снимки од ПИ мерки и нивно објавување по портали.
По објавувањето на веста во врска со апсењата на високи полициски службеници во Министерството за внатрешни работи, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев излезе со демант.
– Во врска со пишувањата во медиумите за наводни апсења на лица кои се дел од мојот тим, би сакал да ја информирам јавноста дека најостро ги демантираме овие наводи.
Имено, станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна.Во таа насока во целост ги демантирам наводите објавени во медиумите кои се креирани од луѓе кои сакаат да застанат на патот на правдата. Уште еднаш напоменувам дека изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи. Овие лажни вести се пласираат за да се нанесе штета на моето работење и на моите соработници.Според моите информации во наредниот период се очекува покрај вакво изнесување на невистини да се преземаат и други слични активности кои се резултат на спрегата помеѓу параполициски, судски и обвинителски структури, блиски до СДСМ и подземјето со цел попречување на истрагите кои се во тек, а се однесуваат на криминалните дејствија поврзани со претходната структура.Напоменувам дека никој нема да ме поколеба или исплаши во мојата посветеност за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата, напиша Чулев на својот Фејсбук профил.