• Latest

Полицајците сепак, ќе добијат решение за работа?

December 30, 2016

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Полицајците сепак, ќе добијат решение за работа?

December 30, 2016 19:02
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Министерот Нухиу одговори дека и претходниот министер имаше доставено барање до Министерството за финансии, каде од истото Министерство беше одговорено дека ќе треба да се обнови барањето во наредната 2017 година. Министерот Нухиу им вети на полицајците дека по новогодишните празници, ќе достави барање до Министерството за финанси за решавање на нивниот проблем“, се вели во соопштението од МВР, по денешната средба на новиот министер за внатрешни работи  Агим Нухиум, со претставници на 660 полицајците-приправници кои протестираа пред МВР, зато што и по три месеци по завршувањето на обуката не добиле решение за вработување. 

„Министерот не информираше дека на 10 октомври, веднаш по завршувањето на обуката и по делењето на сертификатите, е доставено до Министерството за финансии барање, на кое е одговорено дека треба дополнително, уште едно барање да се достави во 2017“, изјави еден од полицајците со завршена обука, Ѓоргија Коларовски. Според него, 660 добро обучени полициски службеници од класата – генерација 2015/2016 година, „можат да помогнат и да придонесат за стабилноста на државата, но наместо тоа, тие седат дома“.

Иако добија потврди дека успешно ја завршиле обуката, поради периодот на изборниот процес кога е забрането вработување, полицајците мораа да чекаат и со денешниот настан го изразија својот револт. Освен нив, на вработување, според последниот конкурс беа избрани во брза постапка уште 400 полицајци, кои не ја почнале обуката.

Но, лидерот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев изјави вчера за ЦИВИЛ Медиа дека „јавноста има погрешен впечаток дека во МВР се примаат стотици полицајци и дека има превработеност. Ви тврдам дека тоа не е точно и дека, само во мојата станица, по пензионирањето и заминувањето на колеги од службата, има недостаток од 50 проценти полицајци, според систематизацијата на работните места. Тоа и граѓаните мора да го знаат, мора да се излезе во јавноста со точни податоци за бројот на полицајците за средствата кои се неопходни за нивните плати, опремата, дообуките и професионалното унапредување, за да не се стекнуваат погрешни впечатоци“.

Tags: 660 курсистиАгим НухиуГоце Делчев ТодевМВРМинистерство за финансииНезависен синдикат на полицијатаПротестрешенија за вработување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ