• Latest

Полковник Зоран Џамбаски одговара

April 18, 2018
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Полковник Зоран Џамбаски одговара

April 18, 2018 14:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Повод: „Полковник Ќиро Калков демантира“, објавен на 17.04.2018 година

Револтиран од начинот на поставувањето командниот кадар на некои позиции во АРМ, во кое што поставување, при крајот од воената кариера, јас лично бев деградиран на професионален план, финансиски оштетен и морално повреден, на 31.03.2018 година во ЦИВИЛ МЕДИА објавив текст под наслов: „Каква е поставеноста на командниот кадар во  АРМ“.

Исто така револтиран од селективниот начин на пензионирање, при што се повредени моите права на рамноправност во однос на дел од персоналот во АРМ кој ги исполнува истите услови за пензионирање како и јас, и сум пензиониран по најнеповолните услови со што сум оштетен финансиски, на 02.04.2018 година во ЦИВИЛ Медиа, објавив текст под наслов: „Партизираниот систем ги отфрла школуваните и посветените кадри“.

Иако, изнесувајќи факти во овие написи, таргетот не беше личноста Ќиро Калков, ниту тоа ми беше намерата, (некои податоци се однесуваа на него во смисла на споредба, рангирање и слично), како што се гледа од Опомената, видно го повредиле и навредиле.

Во Опомената стои: „Имено на ден 31.03.2018 година во ЦИВИЛ Медиа во текстот под наслов „Каква е поставеноста на командниот кадар во АРМ?“ и на ден 02.04.2018 година во ЦИВИЛ Медиа во текстот под наслов „Партизанскиот систем ги отфрла школуваните и посветените кадри“ на директен начин против мојот властодавец, како и на индиректен начин како вработен во Министерството за одбрана против него се сторени редица навреди и клевети.“

Во текстот од 31.03.2018 година под наслов „Каква е поставеноста на командниот кадар во АРМ?, името Ќиро Калков директно е спомнато во следниот контекст:

„За командант на КРС се поставува најмладиот полковник, Ќиро Калков, кој што во чинот е неполна година, а најголема должност му била командант на баталјон (не ги исполнува сите критериуми од оценувањето од член 52 од Законот за служба во АРМ).“

При пишувањето на овој текст ги спомнав само командните должности, односно должности во трупа, а не ги спомнав и раководните должности на полковникот Ќиро Калков, кои ги има на сајтот на АРМ. Ова го пишував заради споредба на командните должности, за да се види каде сум јас оштетен, односно сум поставен за заменик на командантот на КРС, а во својата кариера извршував повисоки командни должности од него.

Јас сум унапреден во чин полковник во 2007 година, Калков во 2014 година, во својата кариера извршував должности командант на самостоен баталјон, командант на лесна пешадиска бригада, Главен Инспектор во Здружена Оперативна Команда, Заменик на командант на 1. мпбр, Одбранбено аташе на Република Македонија во Република Турција.

Полковник Калков, после должноста командант на баталјон, бил Началник на одделение за операции, планирање и б/г во Г3/ЗОК; Началник на ОЦ во ЗОК; Началник на Ј5/ЗОК и Началник на Центар за резервни сили. Од ова се гледа дека во чинот полковник сум постар 7 години од Калков и извршував повисоки должности од неговите.

Но, бидејќи во написот не ги спомнав раководните должности на полковникот Калков, во оваа прилика МУ СЕ ИЗВИНУВАМ.

Што се однесува до мојата изјава дека не ги исполнува сите критериуми од оценувањето од член 52 од Законот за служба во АРМ, и укажувањето во Опомената дека никогаш во мојата кариера, ниту сум го оценувал, ниту сум имал право на увид во досието на полковникот Ќиро Калков каде што се чуваат сите податоци, вклучително и неговите оценки, сакам да истакнам дека под поимот „сите критериуми“ не се подразбира „НИТУ ЕДЕН КРИТЕРИУМ“. Овде се мисли на критериумот кој што е најактуелен при оценувањето на персоналот во АРМ, кој што најчесто е клучен за унапредувања, поставувања, упатување на школувања, праќање во мисии и слично, а тоа е критериумот физичка подготвеност. Оценувањето по овој критериум се врши според Правилникот за проверка на физичката подготвеност на воениот персонал, кој што се спроведува во определени временски  термини, а самите проверки се вршат во присуство на целокупниот персонал кој се оценува (од полковник до професионален војник) така што сите кои се проверуваат, имаат увид во тоа кој кога излегол на проверки, кој не излегол, кој какви резултати постигнал итн.

Но бидејќи во овој дел е разбрано дека јас сум остварил увид во досието на полковникот Ќиро Калков каде се чуваат сите податоци, вклучително и неговите оценки, изјавувам дека такво нешто немам направено.

Понатаму во Опомената се наведува: „Во текстот од 02.04.2018 година под наслов „Партизанскиот систем ги отфрла школуваните и посветениите кадри,,, името Ќиро Калков директно е спомнато во следниов контекст: „Во мојот случај тоа го немаше, ниту од страна на командантот на КРС, полковник Ќиро Калков, како првопретпоставен, ниту од страна на командантот на ЗОК (Здружена оперативна команда) бригаден генерал Зоран Милески, која е претпоставена команда на КРС“  ми се укажува дека овој податок воопшто не е точен и не соодветствува со реалноста. Имено на денот пред да ми биде врачено Решението за пензионирање сум бил повикан во канцеларијата на мојот првопретпоставен и сум бил испратен од негова страна.

Прво, во врска со насловот: Немам објавено наслов: ПАРТИЗАНСКИОТ СИСТЕМ ГИ ОТФРЛА ШКОЛУВАНИТЕ И ПОСВЕТЕНИТЕ КАДРИ, туку насловот од 02.04.2018 година е:  ПАРТИЗИРАНИОТ СИСТЕМ  ГИ ОТФРЛА ШКОЛУВАНИТЕ И ПОСВЕТЕНИТЕ КАДРИ, а овде мислев на ВМРО-изираниот систем во АРМ. Голема разлика.

Второ, по претходно јавување од персоналниот орган дека ми стигнало Решението за пензионирање, на денот на врачување на истото, јас од годишен одмор дојдов во КРС, во Куманово, за да потпишам Доставница за прием на истото. Прашав дали е тука командантот, одговорот беше позитивен. Тропнав на врата и влегов, а командантот, полковник Ќиро Калков се спремаше за на пат за Скопје, ми рече дека е на излегување. На мое прашање кога ќе се врати, одговори околу 14,00 часот. Ме информираше дека стигна Решението, да решиме со Персоналецот, го прашав дали го информирал командантот на ЗОК (првопретпоставениот); одговорот беше позитивен. На следното прашање дали командантот на ЗОК нешто кажал, ( во смисла, можеби да ме повика на прием кај него и сл.), одговорот беше негативен. После тоа јас влегов во мојата канцеларија и го чекав персоналниот орган за врачување на Решението.

Бидејќи овој чин тогаш претпоставениот, полковник Ќиро Калков го смета како чин на испраќање во пензија од негова страна, ја користам оваа прилика и МУ СЕ ИЗВИНУВАМ.

За крај, уште еднаш сакам да потенцирам дека објавувајќи ги фактите, состојбите и податоците во двата споменати текстови, намерата ми беше да ги истакнам неправдите и финансиските штети нанесени кон мене лично, а верувам и кај многу мои ценети колеги, како би се избегнале слични ситуации во иднина. Немав никаква намера да го клеветам или навредувам лицето Ќиро Калков, ниту било кое друго лице.

Зоран Џамбаски

полковник во пензија

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ