• Latest

Полковник Ќиро Калков демантира

April 17, 2018
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Полковник Ќиро Калков демантира

April 17, 2018 06:45
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Одговор на пишувањето на Зоран Џамбаски, полковник во пензија, писма со деманти упати полковник Ќиро Калков, преку овластен адвокат. Писмата ги пренесуваме во целост:

До: Зоран Џамбаски

Предмет: Опомена со барање за извинување и јавно повлекување на изјава, согласно чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Врз основа на чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета:

„(1)Пред поднесување на тужба за надоместување на штетата, физичкото или правното лице на кое му е нанесена штета со навреда или клевета презема мерки за ублажување на штетата, со барање за извинување и јавно повлекување.

(2) Извинувањето или јавното повлекување на изјавата од ставот (1) на овој член се објавува на истото место и во ист обем во печатеното средство за јавно информирање или на интернет страница, или во исто време и во ист обем во електронските средства за јавно информирање или интернет страница, како и информацијата на која се реагира (наслов, наднаслов, поднаслов, текст во пишани средства за јавно информирање или интернет страница, најава во информативна програма, прилог).“

Согласно погоре наведеното Ве повикувам во рок од 48 часа од приемот на ова барање јавно да се извинете со објавување на извинувањето и овој демант на истото место и во ист обем, односно на ЦИВИЛ Медиа“.

Имено на ден 31.03.2018 година во ЦИВИЛ Медиа во текстот под наслов „Каква е поставеноста на командниот кадар во АРМ? и на ден 02.04.2018 година во ЦИВИЛ Медиа во текстот под наслов „Партизанскиот систем ги отфрла школуваните и посветените кадри“, на директен начин против мојот властодавец, како и на индиректен начин како вработен во Министерството за одбрана против него се сторени редица навреди и клевети.

Во текстот од 31.03.2018 година под наслов „Каква е поставеноста на командниот кадар во АРМ?“, името Ќиро Калков директно е спомнато во следниов контекст:

„За командант на КРС се поставува најмладиот полковник, Ќиро Калков, кој што во чинот полковник е неполна година, а најголема должност му била командант на баталјон (не ги исполнува сите критериуми од оценувањето од член 52 од Законот за служба во АРМ).“

Ви укажувам дека овој податок воопшто не е точен и не соодветствува со реалноста. Имено, најголема должност на полковникот Ќиро Калков не е Командант на батаљон, што може да се провери на сајтот на Армијата на Република Македонија.

Што се однесува до Вашата изјава дека не ги исполнува сите критериуми од оценувањето од член 52 од Законот за служба во АРМ, Ви укажувам дека никогаш во Вашата кариера, ниту сте го оценувале, ниту сте имале право на увид во досието на полковникот Ќиро Калков каде што се чуваат сите податоци, вклучително и неговите оценки.

Во текстот од 02.04.2018 година под наслов „Партизанскиот систем ги отфрла школуваните и посветените кадри“, името Ќиро Калков директно е спомнато во следниов контекст:

„Во мојот случај тоа го немаше, ниту од страна на командантот на КРС, полковник Ќиро Калков, како прв претпоставен, ниту од страна на командантот на ЗОК (Здружена оперативна команда), бригаден генерал Зоран Милески, која е претпоставена команда на КРС.“

Ви укажувам дека овој податок воопшто не е точен и не соодветствува со реалноста. Имено на денот пред да Ви биде врачено Решението за пензионирање сте биле повикани во канцеларијата на Вашиот првопретпоставен и сте биле испретени од негова страна.

Со насловот и содржината на текстовите кои се директно поврзани со неговото име, а индиректно преку неговиот работодавач, е сторена клевета и навреда согласно одредбите на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за што сум овластен да поднесам тужба за утврдување на одговорност за изнесени клевети и навреди, а со намера да се наштети на честа и угледот на Ќиро Калков, како и справедлив паричен надомест за нематеријална штета од повреда на неговите лични права на честа и угледот, доколку не се извинете јавно и тоа со објавување на извинувањето и овој демант во ист обем на истото место на односно на ЦИВИЛ Медиа.

Воедно Ви укажувам дека дел од податоците кои ги објавувате се од доверлив карактер за кои можат да бидат покренати соодветни постапки.

Полномошник

Адвокат Диме Ѓорчевски

 

ДО: ЦИВИЛ Медиа

Преку Вашиот медиум на ден 31.03.2018 година во текстот под наслов „Каква е поставеноста на командниот кадар во АРМ? и на ден 02.04.2018 година  во текстот под наслов „Партизанскиот систем ги отфрла школуваните и посветените кадри“, се изнесени клевети и навреди од страна на лицето Зоран Џамбаски кон мојот властодавец Ќиро Калков.

Согласно чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со Опомена со барање за извинување и јавно повлекување на изјава на 07.04.2018 година се обративме до лицето Зоран Џамбаски повикувајќи го во рок од 48 часа од приемот на барање јавно да се извинете со објавување на извинувањето и демантот на истото место и во ист обем.

Во прилог на ова известување Ви доставувам Опомена со барање за извинување и јавно повлекување на изјава доставени до лицето Зоран Џамбаски.

Полномошник

Адвокат Диме Ѓорчевски

Tags: демантЗоран ЏамбаскиЌиро Калков
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ