• Latest
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Полнолетство на кандидатскиот статус на Македонија за ЕУ: Зрели за матура, но без сопките на опозицијата

December 17, 2023
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Полнолетство на кандидатскиот статус на Македонија за ЕУ: Зрели за матура, но без сопките на опозицијата

December 17, 2023 16:12
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Доколку погледнеме наназад низ годините, онаа оптимистичка состојба која ја гледаме денес во однос на доближувањето до европското семејство, можеше да ја стигнеме многу порано. Не уверуваа дека не може да се постигне договор со Грција, не уверуваа дека ќе ни го земат јазикот, последно алиби на ВМРО-ДПМНЕ се уставните измени-дали ќе не вратат во јасли или зрело ќе продолжиме напред?!

АНА ВАСИЛЕВСКА

Поминаа цели 18 години откако на 17 декември 2005 година претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија ѝ додели статус на кандидат за членство во Европската Унија. Доколку погледнеме наназад низ годините, имајќи го сиот почетен оптимизам тогаш, можеше да станеме дел од ЕУ многу порано. Фактите говорат дека долгогодишниот спор со Грција и тенденциозната антиквизација на Македонија во периодот од 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и институционалното уназадување, заробената држава и уништувањето на демократијата што ги предизвика режимот на Никола Груевски, ни одзеде скапоцено време.

И денес, кога државата никогаш не била поблиску до тоа да стапне на брзата европска лента, кога деноноќно напредува во поглавјата на скринингот на ЕУ, кога Скопје е редовна дестинација за политички преговори и посета на светските лидери, (како Самитот на ОБСЕ), повторно, заканата доаѓа од истата ретроградна сила на опозицијата.

Овие екстремно десничарски политики се закана и во Европа, а истиот националистички „добронамерен“ наратив и критика кон либералниот свет се користи за освојување на власта без притоа да се понуди логичен политички правец.

Партиите од екстремната десница во ЕУ достигнаа рекордно ниво на популарност на нешто повеќе од шест месеци пред изборите за членови на Европскиот парламент предвидени за почетокот на јуни идната година, покажуваат резултатите од најновото истражување на „Јуроп Електс“,а во кои увид имал „Еурактив“. Тие главно кокетираат и со политиките на миграција, заштитата на животната средина и се поставуваат како чувари на буџетот за „својот народ“. Бездруго, неиздржани, жестоки и популистички памфлети потребни да се позиционираат на власт.

Исклучивоста во политичките делувања и недостигот на дипломатска свест и чувство за повисока цел, а разгорувањето на национализмот, внатрешно политичките подметнувања, недемократските стандарди нас не чинеа загубени години.

ПОЧЕТОК ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Оли Рен и Владо Бучковски во 2005 година, добивање на кандидатски статус за ЕУ
Оли Рен и Владо Бучковски во 2005 година, добивање на кандидатски статус за ЕУ

Инаку, приклучувањето на Македонија кон ЕУ е на агендата за идното проширување на европската унија уште од 22 март, 2004 година, кога е поднесена апликацијата за прием во Унијата. На 9 ноември, 2005 година, Европската комисија на Македонија реши да ѝ додели статус на кандидат со што на денешниот датум и официјално броиме полнолетство од статусот на земја кандидат за членство во ЕУ.Ако се земе предвид примерот на сите земји членки кои го поминале процесот на приклучување, бргу по доделувањето на кандидатскиот статус, државите ги започнале преговорите за приклучување. Сепак, поради низа проблеми во надворешната политика, пред сè, спорот со името со соседна Грција, почетокот на преговорите беше официјално започнат на 19 јули 2022 година.

ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА

На 1 јануари 2008 година, стапува на сила договорот за визна либерализација меѓу Македонија и ЕУ. Македонија ги започнува преговорите за визна либерализација со ЕУ во февруари, 2008 година и е додадена на листата на безвизен режим, а на 19 декември следната година, нашите граѓани можат да влезат во шенген-зоната, како и во Бугарија, Кипар и Романија без виза и само со биометриски пасоши.

Од осамостојувањето на Република Македонија од Југославија, Македонија се соочува со низа проблеми во внатрешната и надворешната политика. Еден од главните проблеми во внатрешната политика на земјата е односот меѓу етничките заедници. Така, Република Македонија, по конфликтот од 2001 година, мирот го одржува главно со спроведувањето на Охридскиот договор, според кој етничките Албанци добиваат поголеми права во земјата.

На почетокот на своето владеење, поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека земјата ќе биде спремна да се приклучи кон унијата во 2012 или 2013 година. Сепак, ЕУ не се сложува околу наведениот период.

Најголемиот проблем на земјата околу започнувањето на преговори со ЕУ е спорот со името со соседна Грција. Грција го отфрла името Македонија, бидејќи според неа, тоа имплицира територијални амбиции кон територијата на Грција односно северниот дел на земјата – провинцијата Македонија. Поради тоа, ЕУ земјата ја нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија (FYROM).

Решавањето на проблемот со името стана услов за пристапување кон Унијата. Грција, постојано потврдува дека ќе го искористи своето право да го блокира пристапот без претходно да биде најдено решение, односно изјавува дека ќе употреби вето, исто како што го употребила при блокадата на земјата за влез во НАТО пактот. Други позначајни тешкотии со кои се среќава Република Македонија се остварувањето на европски стандарди на владеење на правото и економијата.

ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, РЕФЛЕКТОР НА ПАТОТ КОН ЕУ

Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро на 17 јуни 2018 година, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.

Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската Унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.

Од потпишувањето на Преспанскиот договор, 18 јуни 2018 година, Никола Димитров, Никос Коѕијас, Зоран Заев, Алексис Ципрас
Од потпишувањето на Преспанскиот договор, 18 јуни 2018 година, Никола Димитров, Никос Коѕијас, Зоран Заев, Алексис Ципрас

Согласно Договорот, Грција прва го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, на 30 март 2020 година, како што и беше ветено, стана 30. членка на Алијансата. На свечена церемонија со кревање на знамето на Северна Македонија, во седиштето на НАТО во Брисел, се официјализираше пристапување во Северноатлантската алијанса.

„Вредеше затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните. Македонската иднина е обезбедена, а границите засекогаш сигурни. Вредеше затоа што Преспанскиот договор нѐ донесе чекор поблизу до Европската Унија и конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција“, напиша експремиерот Зоран Заев, по повод двегодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Се отвори и патот за членство во Европската Унија. И тогаш, по 15 години кандидатски статус и со над десет последователни препораки на ЕК за отворање преговори, Европскиот совет донесе одлука за почеток на преговори со Северна Македонија.

Спорот за името почна веднаш по осамостојувањето на Македонија и нејзиниот прием во ОН, на 8 април 1993 година. Поради противењето и притисоците од Грција, која не го прифаќаше уставното име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Преговорите се обновија кон крајот на 2017 година, по речиси тригодишен застој. Спорот траеше 27 години. По обновувањето во почетокот посредникот на ОН, Нимиц имаше средби со преговарачите Василакис Адемантиос и Васко Наумовски, а потоа преговорите се подигнаа на повисоко ниво, на ниво на шефови на дипломатии.

Заев и Ципрас ја имаа првата директна средба на Светскиот економски форум во Давос, каде што беа направени првите отстапки. Македонија ги преименува аеродромот и автопатот, а Грција ја одблокира втората фаза на земјата во процесот на Стабилизација и асоцијација со ЕУ и и овозможи на Македонија да стане членка на Јадранско-јонската иницијатива.

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ПОСЛЕДНА КАРИКА ВО ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА РЕЧИСИ ДВЕДЕЦЕНИСКАТА БИТКА

Најновиот извештај на Европската комисија во однос на напредокот на Северна Македонија повторно беше искористен од опозицијата за да ја подгрее атмосферата на песимизам. Забелешките кои се наведени од ЕК како што е владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација, се всушност сите оние „опашки“ на долгогодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кои не можат да се искоренат преку ноќ. Исправањето на кривата патека што го наследи владата на Зоран Заев и интензивирањето на надворешнополитичкиот и внтрешнополитичкиот фронт изгледаше како невозможна мисија – или како за пет години да се прескокне еден век.

Според евроамбасадорот Дејвид Гир, извештајот беше оценет како искрен и објективен – ги посочува и напредокот, но и слабостите. Вицепремиерот Бојан Маричиќ на прес-конференција во Скопје оцени дека земјата има напредок во 80 проценти од поглавјата и никаде не е нотирано назадување, а ова опозицијата го претстави на јавноста како историски најлош извештај.

„Извештајот е искрен, но правичен, со тоа ние сакаме да ги охрабриме властите, државните институции, како и сите политички актери да направат многу повеќе за да ги унапредат реформите во интeрес на граѓаните на патот кон членство во ЕУ“, рече евроамбасадорот Дејвид Гир на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Тој смета дека извештајот на ЕК се стреми кон тоа да даде јасна и објективна оценка за напредокот.

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Извештајот е напишан на 120 страници. Во делот на политичките критериуми, документот нотира дека Македонија продолжува да ги засилува своите напори за да ја зацврсти демократијата, додека се соочува со одредени предизвици во владеење на правото.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека Владата ги прифаќа укажувањата и ги смета за важен показател за она што се случува и за она што треба да се направи. Препораките во извештајот ќе користат како основа за спроведување на реформите за следниот период.

Според Маричиќ, одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Северна Македонија во ЕУ го става во неизвеснот и реформскиот процес. Прифаќањето на уставните измени, според Маричиќ, останува предуслов кој не може да се прескокне.

Тој информираше дека Советот на постојани претставници на ЕУ го усвоил писмото со кое се упатува покана до земјата да ги подготви Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација за отворање преговорите по Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека со ова е успешно завршена обврска која ја носи земјата поблиску до отворање на кластерите и поглавјата во насока на забрзана ЕУ-интеграција.
Јасна порака за уставните измени стигна и од Самитот во Брисел .

Бујар Османи на Самитот на ОБСЕ во Скопје
Бујар Османи на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Ова е последната карика во заокружување на отстапките во патот кон ЕУ. Единствената закана е повторно опозицијата која ова ќе го искористи како единствената предизборна манипулација во манирот „кражба на историјата“ и останати лаги. Дали ќе дозволиме овој штетен наратив да ни одземе уште едно полнолетство или зрело и одговорно ќе ја искористиме шансата конечно некои нови генерации да бидат достоинствени европски граѓани?

Извор: НОВА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Блокада од ВМРО-ДПМНЕЕУ интеграцииКандидатски статус за членство во ЕУпреспански договоруставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ