• Latest

Половина од домаќинствата во земјава и понатаму се затоплуваат на огревно дрво

September 3, 2021

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Половина од домаќинствата во земјава и понатаму се затоплуваат на огревно дрво

September 3, 2021 10:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека огревното дрво останува главниот енергенс што граѓаните го користат за затоплување на нивните домови во грејната сезона. Дури 49,18 отсто од домаќинствата во земјава ги затоплуваат домовите со огревно дрво или дрво од овошни насади, се наведува во публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата, 2019“, која што деновиве ја објави ДЗС, пренесува Мета.

Второто најкористено средство за загревање на домовите е електричната енергија, која ја користеле 31,3 отсто од македонските домаќинства. На централно парно греење се затоплуваат 10,25 отсто од објектите за домување, додека дрвените брикети и пелети како енергент ги користат 8,49 отсто од домаќинствата во текот на зимските месеци.

Анкетното истражување на ДЗС било спроведено на примерок од 3.500 домаќинства, при што на прашалникот одговориле 2.896 од лицата вклучени во примерокот од целата земја. Добиените резултати покажуваат дека минорен дел од населението користи други енергенти за загревање на домовите: нафта за ложење (0,51 отсто), јаглен (0,17 отсто) и течен нафтен гас-плин (0,10 отсто).

Статистичките податоци покажуваат дека во 2019 година потрошувачката на огревно дрво за затоплување на домаќинствата изнесувала дури 970.715 метри кубни. Истовремено, за загревање се потрошени и 4.350.878 килограми течен нафтен гас, додека за греење, ладење, готвење и останати работи домаќинствата потрошиле над 3 милиони мегават часови електрична енегија.

Во 2019 година просечната површина на живеалиштата во земјава изнесувала 84,3 метри квадратни, додека граѓаните загреваат само околу половина од површината, односно 45,4 метри квадратни.

Доминацијата на огревното дрво кај загревањето на македонските домаќинства е главниот причинител за загадувањето на воздухот во земјава. Докажано е дека затоплувањето на домовите е главниот извор на аерозагадувањето, особено во делот на испуштањето на ПМ-10 честичките. Истражувањето #СкопјеСеЗагрева што го спроведе УНДП покажа дека најмалку 30 проценти од вкупните емисии на токсични честички во воздухот во Скопје произлегуваат од загревањето.

Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање потврдија дека степенот на испуштање на штетните честички во воздухот од затоплувањето со огревно дрво зависи од тоа дали се користат суви или влажни огревни дрва (влажните дрва го загадуваат воздухот многу повеќе), од одржувањето на печките за затоплување, како и од правилниот процес на согорување на дрвата.

Токму за да се намали аерозагадувањето, владата во соработка со дел од општините во земјава лани и годинава доделија субвенции за вградување на инвертер клима уреди во домаќинствата, кои треба првенствено да го намалат процентот на користење на огревното дрво од домаќинствата. Лани Градот Скопје за оваа намена искористи владини средства во износ од 322.400.000 денари, годинава за субвенции во главниот град се предвидени 107.404.074 денари, а дополнителни средства за инвертер клими се доделија и на домаќинствата во Битола, Тетово и Кичево како градови со високо загадување на воздухот.

Сепак, податоците од анкетните истражувања што ги спровел ДЗС во минатото покажуваат дека се зголемува свеста кај граѓаните во однос на енергентот што се користи за загревање на домовите. Низ годините, опаѓа процентот на домаќинства кои го користат огревното дрво во зимските месеци.

Па така, претходното истражување на темава спроведено од статистичарите во 2014 година покажува дека огревно дрво и дрво од овошни насади користеле 61,59 отсто од домаќинствата, 28,6 отсто од домовите тогаш се грееле на електрична енергија, до централно парно греење имале пристап 8,33 отсто од домовите, додека на дрвени брикети и пелети се затоплувале само 0,87 отсто од објектите за домување, пишува МЕТА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ