• Latest

Помалку заразени и повеќе вакцинирани против коронавирусот, за една недела ќе имаме и ковид пасош

May 21, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Помалку заразени и повеќе вакцинирани против коронавирусот, за една недела ќе имаме и ковид пасош

May 21, 2021 10:41
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува трендот на се помалку заболени од Ковид-19, а се повеќе оздравени, но се зголемува и бројот на вакцинирани граѓани. Паралелно се намалува притисокот во болничките капацитети со пациенти од корона вирусот. За идната недела е најавено да стартува издавањето на македонскиот зелен пасош за патување во странство.

Според податоците што ги објави вчера Министерството за здравство, од направените 2.533 тестирања во претходното деноноќие биле регистрирани 50 нови случаи на Ковид-19. Поголемиот број на позитивни случаи се во Скопје – 26, по што следат Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат и дека вчера биле регистрирани 133 оздравени пациенти. Пријавени се и 16 починати лица од корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 391 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани шест нови пациенти поради компликации од корона вирусот со што вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град од кои голем дел се на кислородна поддршка. Дома се пуштени 20 оздравени пациенти. Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 240 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Последниот податокот од Министерството за здравство покажува дека за еден ден се вакцинирале 12.211 граѓани, од кои прва доза примиле 9.711. Вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани. Со последните бројки 44 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 36 отсто од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера по примопредавањето на германската донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови, информираше дека нашиот „грин пас“ или Ковид-19 пасош за патување во странство ќе биде спремен од почетокот на следната недела.

-Тоа е пас кој електронски преку QR (Кјуар) код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон ќе содржи простор за три податоци – податок за вакцина, односно ревакцина и типот на вакцината, ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно ПЦР тестирање, и податок за соодветна количина на детектирани антитела како доказ за прележана болест, појасни Филипче.

Нагласи дека граѓаните ќе можат преку матичните лекари кјуар кодот да го данлодираат во својата апликација. За македонските граѓани кои се вакцинирале во некоја од соседните земји  рече дека ќе треба да извадат потврда за вакцинираност таму, бидејќи, како што кажа, во документот мора да се внесе серијата на вакцината со која се вакцинирани.

Досега во земјава се направени вкупно 765.984 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а на активни случаи изнесува 3.040. Полицијата и понатаму регистрира прекршување на мерките, а за неносење  лична заштита на лице во претходното деноноќие имало 392 прекршоци.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ