Помошникот на генералниот секретар на ОН за политички прашања Мирослав Јенча, денеска ќе престојува во посета на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.
Како што соопштија од собраниската прес-служба, Јенча ќе има и заедничка средба со претседателите на собрансиките комисии за европски прашања, за надворешна политика и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, Антонио Милошоски и Александар Кирацовски.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.