Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје упати апел до граѓаните да го контактираат центарот секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик.
Дежурни телефонски броеви за пријава се 078 230 943 и 076 381 762, а специјализиран тим што работи 24/7 реагира веднаш пво било кое време на денот по добиената пријава.
.Со пријавувањето на овие случаи, велат од центарот, граѓаните можат заеднички со институциите ефикасно да делуваат при обезбедувањето помош, но и да спречат евентуални злоупотреби.
ЦМ