• Latest

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе од 1 до 21 април

January 22, 2021
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе од 1 до 21 април

January 22, 2021 10:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, а за негова доследна реализација ќе биде изготвена методологија и други пропратни документи. Конечната одлука за одржување на пописот во земјата, прв по 19 години, беше потврдена со вчерашното гласање во Парламентот, зад кое, како што најави, не застана најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието вчера со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“ го усвои Законот за попис. Вчера само се гласаше за законот, а расправата заврши на 15 јануари, кога немаше кворум за гласање.

Согласно Законот, податоците добиени од пописот на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија во 2021 ќе се користат за креирање на развојни политики, макроекономски планирања, научни и други истражувања и статистички цели. Индивидуалните податоци од пописот може да се користат за воспоставување, водење и ажурирање на статистичките регистри кои се во надлежност на Државниот завод за статистика, согласно закон. Ќе се попишува и резидентното и нерезидентното население.

Личните податоци добиени со пописот подлежат на заштита согласно одредбите од овој закон, Законот за државната статистика и прописите од областа на заштита на личните податоци.

Пописот ќе се спроведе со употреба на пренослив компјутер, на посебна апликација, при што задолжително се применуваат технички и организациски мерки согласно прописите од областа на заштита на личните податоци.

Премиерот Зоран Заев во средата, на ден пред гласањето во Парламентот, на прес-конференција уште еднаш потенцираше дека пописот е статистичка операција, а не политичка како што сака да се претстави, уверувајќи дека податоците ќе бидат реални. Тој побара од опозицијата да не повикува на бојкот, потсетувајќи дека граѓаните се законски обврзани да се попишат.

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски по гласањето со објава на Фејсбук повтори дека со усвојувањето на Законот за попис на населението се создадени нормативните услови да се реализира оваа важна статистичка операција после 19 години.

„Институциите се подготвени, ќе имаме попис по меѓународни стандарди. Концептот е професионален и одговорен, без политички влијанија, да имаме точни, веродостојни статистички податоци и да го спроведуваат стручни лица. Според критериумите на Евростат и меѓународните стандарди“, наведува Николовски.

Според него, партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, бидејќи тоа е статистичка операција, која е неопходна за да се планира развојот на државата.

„Нашата држава повеќе не може да си дозволи „луксуз“ и да остане без попис уште неколку години. Дотолку повеќе што државите членки на Обединетите Нации се обврзани спроведуваат попишување на населението и имотот“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ  на онлајн-конференцијата во организација на „Рома Интеграцион Центрум“ и го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието.

Министерот кажа дека е време да се престанеме да се гледа на пописот како на политичко прашање, кое служи само за да се пребројат етничките заедници во нашата земја и како општество да се фокусираме на тоа како пописот може да биде своевиден катализатор на развојот на државата и планирањето на политиките, особено за најранливите категории на граѓани.

„Без да знаеме колку точно жители има некој град, село или населено место, што точно работат, какво образование имаат, со каков имот располагаат, што точно им е потребно, нема да можеме да креираме долгорочни развојни политики и да имаме соодветен слух за потребите на сите граѓани“, изјави Маричиќ.

Министерот порача дека покрај населението со потписот ќе се попишат и нашинците во странство, односно дијаспората, а во Заводот за статистика веќе се изработува и посебна промотивна кампања преку која на овие лица детално ќе им се објасни како да учествуваат во процесот, за сите да можат да го искористат своето право.

„Пописот може да се изведе и да се заврши по сите здравствени протоколи. Консензус на ниво на Светската здравствена организација е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на онлајн конференцијата организирана од страна на „Рома Интеграцион Центрум“, посочи дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се на располагање за едукација и донесување на протоколи за спроведување на оваа статистичка операција.

„Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести сме на располагање на сите чинители кои ќе бидат вклучени во процесот на спроведување на пописот. Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите кои што ќе го водат тој процес“, истакна Филипче.
Како позитивен пример го посочи изборниот процес кој во делот на спроведувањето на здравствените протоколи помина без ниту една забелешка.
„Се ова ни дава право да кажеме и можеме да ве увериме дека процесот со пописот може да се изведе и да се заврши по сите здравствени протоколи“, рече Филипче.
Собранието денеска го донесе Законот за попис кој е планирано да се спроведе во првите недели од април годинава.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласање, а неодамна лидерот на партијата Христијан Мицкоски најави дека е можно со собирање 10.000 потписи од граѓаните тие да побараат поништување на овој закон и одлагање на пописот. Мицкоски во повеќе наврати истакна дека методологијата за спроведување на пописот не е позната, а исто така за нив е спорен и двојниот потпис на директорот на Државниот завод за статистика и неговиот заменик. За ВМРО-ДПМНЕ ова нема да биде статистичка, туку политичка операција.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вчера повторно го изнесе ставот на партијата особено по, како што рече, изјавите за проценти, по што оцени дека пописот нема да биде објективен и фер, нема да биде релевантен и реален.

„Последниве денови се лицитира со проценти и признавање и односно непризнавање на резултатите од пописот, што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистика преминува во политичка операција. Затоа од име на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ констатираме дека ваквото предложено законско решение нема да биде објективно и фер. Пописот нема да биде релевантен и реален попис“, рече Мицевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ