Министерот без ресор, Роберт Поповски, на денешната прес-конференција истакна благодарност до медиумите и медиумските работници за нивното професионално и етичко презентирање на информациите и истакна дека е многу важно вистината да допре до граѓаните.
Тој додаде дека критериумите за одлуката која ја донесе Владата, за обезбедување на 100% покривање на придонесите на плата на вработените во медиумите, вклучувајќи ги телевизиските и радио дифузерите, печатените медиуми, се многу јасни и прецизни за сите медиуми кои треба да ја добијат оваа субвенција.
„Оваа уредба бидејќи ги опфаќа сите медиуми се базира на начинот на кој што тие се регулурани или регистирани согласно законските одредби во државава. Кога станува збор за телевизиите, тоа значи дека можат да добијат ваква поддршка медиумите кои имаат дозвола за телевизиско и радио емитување, дадени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни мед услуги и се регистрирани во регистарот на телевизии и радиа. Печатените медиуми од општ и информативен карактер, кои објавуваат содржини насочени кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички економски, социјални и културни прашања регистрирани на територијата на Рдржавава и регистриани во регистар на изадавачи на печатени медиуми во Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги. Електронските медиуми кои ги имаат импресум, уредник, контакт, редакција, правно лице во државава и транспатентно ја кажуваат својата сопственост“, додаде Поповски.
Поповски додаде дека оваа одлука ќе важи за периодот од три месеци, односно јуни, јули и август и дека е многу значајно медиумите да ги имаат исплатени давачките кон државата и да имаат најмалку тројца вработени во своите медиуми.
А. П.