Сѐ уште постојат центри на влијание и на отпор за нормалното информирање и за нормална програмска содржина што треба да ја нуди Националната радиотелевизија,
истакнал министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на јавната дебата посветена на „Финансирање, управување и регулација на Јавниот сервис – НРТ“.
– Поповски говореше на темата „Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – влијанието на обезбедените услови за институционална и уредувачка независност на НРТ“. Тој се осврна на важноста на реформите во сферата на медиумите, особено на јавниот радиодифузен сервис, при што нагласи дека оваа Влада по периодот на купена уредувачка политика и заробена држава, преку низа мерки придонесе кон намалувањето на политичкото влијание во медиумите, јавниот сервис и медиумскиот регулатор, соопшти денеска владината прес-служба.
Министерот Поповски истакна лдека оваа Влада ја артикулирала потребата од измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со цел професионализација и департизација на регулаторното тело и јавниот радиодифузен сервис.












