„Ова е само втор ден работен ден на претседателот Димовски (по заминувањето од канцеларијата на сменетиот претседател Живко Митревски – н.з.) и точната бројка на членови на ССМ не може да знаеме, бидејќи ние самите, гранските синдикати треба да се преброиме и да се произнесеме до ССМ со колкаво членство располагаме. И колку членови си заминаа или се откажаа од синдикатите поради недомаќинското работење на ССМ“, изјави денеска, на прес-конференцијата во ССМ, Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на АРМ.
Во ССМ велат дека во 2010 година имале околу 85.000 членови, дека во 2013 година членството се намалило за околу 25 илјади членови, а дека сега, бројката е уште помала.
„Ќе го вратиме задолжителното исплаќање на К-15 од 40 отсто, а сега е – од 0 до 40 отсто. Живко Митревски немаше кворум кога го донесе тој закон, што му го подметна на поранешниот министер за труд и социјала, Диме Спасов. Живко е ноторен лажго, на таа седница со допишување и фалсификат на потписи да покаже дека има кворум“, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Дехран Муратов/Маја Ивановска