• Latest

Поради отсуство на понуда, пропадна тендерот за компресорска станица за операционите сали на хируршките клиники

July 16, 2024

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Поради отсуство на понуда, пропадна тендерот за компресорска станица за операционите сали на хируршките клиники

July 16, 2024 18:25
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа за МИА од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје.

Станува збор за проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Претставници на германска фирма беа во посета со цел да извршат испитување.

– Согласно роковите определени во Оперативниот план доставен до Владата на Република Северна Македонија, на ден 28.06.2024 година на страната на ЕСЈН беше објавена поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи – набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух, оглас број 10891/2024. Крајниот рок за доставување на понуди беше 15.07.2024 година до 11:00 часот. Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ, појаснуваат оттаму.

Во тендерската документација била предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.

– Посета на локација побараа три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини, до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда, додаваат надлежните.

Тие денеска донеле одлука за поништување на постапката, за што биле информирани Владата и Министерството за здравство. Побарани биле натамошни насоки за постапување.

Во мај, се бараше во што е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во некои операциони сали. Определен временски период, пациенти се препраќаа и во ГОБ „8 Септември“ и на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Министерот за здравство Арбен Таравари на 1 јули изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека доколку е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.

– Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме, ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар, изјави министерот на средба со новинарите.

Прашан околу реновирање на хируршките сали на ГОБ „8 Септември“, тој кажа дека таму не бил, но, оти слушнал оти салите не се во добра состојба.

– Дефинитивно и во Клинички центар јас кога бев во салите, навистина не изгледаат добро. Во „8 Септември“ не сум бил да ги видам салите, меѓутоа ми кажуваат дека и таму не се во добра состојба. Меѓутоа, морам да се консултирам и со финансии да видиме како стоиме со финансиски средства. Ако добијам дозвола, јас се надевам дека што побргу што можам, не можам да кажам рок сега, бидејќи ми треба да видам што се можностите. На Клинички центар ќе се обидам што побргу и на „8 Септември“ доколку имаме начин некако да се менаџира плаќањето во неколку години ќе инсистирам и таму да завршиме или да започнеме со реновирање, одговори Таравари.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ