• Latest

Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост, тие повикаа на правда и солидарност

March 31, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост, тие повикаа на правда и солидарност

March 31, 2025 15:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се обидеме заедно, да ги прифатиме транс луѓето како рамноправни членови на општеството кои заслужуваат љубов, почит и заштита. Да се залагаме за иднина каде што ќе можеме да живееме автентично, без страв од насилство или дискриминација. Заедно можеме да придонесеме транс луѓето ќе бидат видени, чуени и вреднувани како сите останати. Заедно можеме да создадеме свет кој ги вреднува сите животи, порачува иницијативата ТрансФормА по повод 31 март, Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица.

ТрансФормА информира дека поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост, но тоа не значи, како што потенцира, дека трансродовите лица ќе молчат.

Иницијативата најавува дека продолжува борбата против маргинализацијата, дискриминацијата и насилството, како и борбата за место натрансродовите лица во општеството.

-На 31 март ширум светот ги славиме животите, отпорот и придонесот на трансродовите луѓе. Овој ден не е само момент за прослава, туку и за јасно адресирање на маргинализацијата, дискриминацијата и насилството со кои се соочуваме како заедница. Тој е повик за правда, за промени и за солидарност. Во Македонија, ТрансФормА веќе седма година по ред го организира Маршот на видливост. Но, оваа година, само две недели по трагедијата во Кочани, не можеме да маршираме со срца обвиени во болка. Ова не е избор за невидливост. Напротив, нашиот глас, нашата борба и нашата солидарност остануваат силни. Но, не сакаме да чекориме низ улиците како ништо да не се случило. Оваа година сведочевме за систем кој не само што нè маргинализира како заедница, туку и ги обезвреднува сите животи. Транс заедницата знае што значи да се биде напуштен, игнориран и оставен сам на себе. Затоа, повикуваме на солидарност и меѓусебна грижа – бидејќи тие нè одржуваат во живот кога системот нè напушта, наведува ТрансФормА.

Иницијативата дополнува и дека стои заедно со сите што бараат правда, со сите што сакаат систем кој ќе ги вреднува човечките животи подеднакво.

-Видливоста е клучна во борбата за нашите права. Во општество како македонското, каде стереотипите и предрасудите сè уште имаат силно влијание, видливоста е предизвик што ги разобличува заблудите и создава простор за прифаќање. Седум години по ред, Маршот на видливост докажа дека транс луѓето одбиваат да бидат избришани или замолчани. Продолжуваме да се бориме за место во општеството кое нè признава како негов интегрален дел. Но, не смее да се игнорира опасноста што ја носат конзервативните анти-родови движења, кои шират страв, дезинформации и омраза. Нивната реторика има за цел да ги поткопа нашите права и достоинството на транс луѓето. Мораме да се спротивставиме на оваа штетна агенда и да ги поддржиме вистинските семејни вредности – емпатијата, разбирањето и безусловната љубов. Семејните вредности не подразбираат омраза, исклучување или неприфаќање на различностите. Тие значат поддршка, почит и инклузивност за секоја индивидуа, без разлика на родовиот идентитет. Како општество, имаме заедничка одговорност да осигуриме дека трансродовите лица ги имаат истите права и можности како сите други. Треба да се спротивставиме на предрасудите и дискриминацијата, каде и да се појават, истакнува ТрансФормА во апелот по повод Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица, пренесува МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ