• Latest
Џабир Дерала

Пораката е примена, но целта не е постигната

June 20, 2022
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Пораката е примена, но целта не е постигната

June 20, 2022 16:11
in ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Седиштето на ЦИВИЛ е мета на уште една провална кражба. Или барем така изгледа. Ова е трет поголем инцидент за пет години. И по третпат, констатираме дека ова не е обичен инцидент. И некако се поклопуваат со интересни настани и процеси во земјава. Се консултиравме со искусни професионалци во областа на безбедноста и заклучивме дека сме во право – нешто не е како што треба.

Првиот инцидент се случи непосредно по крвавите настани на 27 април 2017 година, кога од седиштето на организацијата беа украдени шест лаптопи и хард дискови со електронска документација на организацијата. Мојата документација и нотесите беа прелистувани уредно, а ми беше украдена и електронска архива. Сепак, овој напад не беше целосно успешен. Најчувствителните податоци, како во електронска, така и во хартиена форма се чуваат на сосема безбедно место, така што напаѓачите и не се „офајдија“ многу од тој дел од нивната „мисија“.

Вториот инцидент беше повеќе од очигледен. Се случи на крајот на јуни, 2020 година, во екот на мониторингот на предвремените парламентарни избори. Тогаш, седиштето на ЦИВИЛ беше вандализирано, но само однадвор. Паното со ознаки на организацијата во дворот беше превртено, а врз него беше ставена лопата. Влезната врата на седиштето беше оштетена со остар предмет и беше изгравиран зборот Nazi. Пред влезната врата беа истурени отпадоци.

Не сакам да прејудицирам, барем додека трае истрагата, но ќе ја искористам оваа прилика уште еднаш да ја потсетам јавноста и институциите на големите предизвици со кои се соочуваат прогресивните организации и редакции. Што се однесува до документацијата, ние немаме тајни. Сите податоци за нашето работење се јавни, доволно е да се отворат нашите интернет портали, а отворени сме и за секое дополнително прашање. Нема потреба да се провалува, освен ако целта не е да се упати поинаква порака.

Нападот е апсурден во смисла на добивка. Доколку целта е и да се блокира работата на ЦИВИЛ, да му се упати закана, да се заплаши, целта не е постигната. Токму така, пораката е примена, но целта не е постигната. Можеби само малку изгубивме време да повикаме полиција, да составиме записник и да напишеме соопштение. Тоа е загубата. Од друга страна, добра прилика да поразговараме и да ги збиеме редовите уште повеќе.

Познато е дека во текот на изминатите десет и повеќе години, тимовите на ЦИВИЛ и редакцијата Цивил Медиа се соочуваат со бројни притисоци, клевети, говор на омразата и смртни закани. Мотивите се познати, нарачателите, исто така. Нашите иницијативи за промоција на за човекови права и слободи, еднаквоста, правдата и мултикултурализмот, а особено борбата против дезинформациите и пропагандата имаат силен и позитивен ефект во јавноста и во општеството. Јасно е и дека нашата работи им пречи на познати структури во земјава и во странство.

Но треба да знаат – ние не се плашиме. Нам заканите и притисоците ни се мотив повеќе да продолжиме со работа, бескомпромисно и гласно.

Во името на ЦИВИЛ, им благодарам на сите изрази на солидарност и понуди за помош.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ