Додека претеникот Дарко Каевски од СДСМ пред седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ го читаше текстот на соопштение на владејачката партија, во кое меѓу другото се бара оставка од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, после признанието на вина од страна на обвинети во судскиот процес „Титаник“ (за местење на избори), му пријде и се вмеша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој го попречуваше Каевски со поставување свои прашања, а портпаролот на СДСМ не се откажа и двајцата зборуваа во исто време пред камерите.
Стоилковски се обиде да го узурпира пресот на Каевски и не невешт начин проба да го пренасочи вниманието да не се слушне барањето за одговорност на сите вмешани во „Титаник“ и да се повлечат од политиката, меѓу кои и лидерот Христијан Мицкоски.
Инаку ова не е првпат портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски да попречува и да им упаѓа на прес-конференција на претставници на владеачката партија.
Д. М.