• Latest

Портрет на Мира Дизел

February 14, 2019

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Портрет на Мира Дизел

February 14, 2019 07:02
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Трнлив е патот до славата. Моментот на слава. Велат, непроценливо задоволство. Многу луѓе кои го посакуваат тешко работат и никогаш нема да го доживеат. Други пак ги мавнува неочекувано по глава од нигде никаде (што не значи дека не сработиле за да го доживеат).

Фросина Митрушева

Мира Стојчевска…

Тотален анонимус  чие име за прв пат во  јавноста се појави во ноември 2016, на деветтото место на листата на кандидати за пратеници  на СДСМ во третата изборна единица. Никој не го ни забележа тоа име на списокот, освен нејзините сограѓани од малото, живописно Делчево. Затоа што сите се знаат во малите места. Не верувам дека и тие очекувале дека Мира, од скромното деветто место ќе скокне директно во пратеничкото столче. Но, бидна и тоа и делчевци добија свој народен избраник во Собранието.

Тивка и незабележана остана пратеничката Мира до мај 2018 кога реши да ги одбрани интересите на своето гласачко тело и како член на комисијата за Финансирање и буџет при Собранието цврсто застана против предлогот на опозицијата да се укине акцизата на дизелот од три денари по литар.

Тогаш Мира ја изрече својата историска изјава со која се качи на крилјата на славата:

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил.“

Веројатно,  податокот со кој аргументираше Мира е добиен со анализа на состојбите во нејзиното сиромашно Делчево кое официјално брои околу 11000 жители, а неофицијално, иселувањето заради сиромаштија ја десеткувало таа бројка. Така да, аргументот на Мира како одличен познавач на сиромаштијата може да се земе како релевантен.

Но, злобниците во државава го отфрлаа тој аргумент, тврдејќи дека таа не го разбира проблемот заради тоа што за девет месеци испумпала  11.736 евра од собраниската каса за патни трошоци. А не знаат тие што не биле во Делчево колку далеку е тоа од Скопје. Скоро колку Струмица пред некоја година. Според  анкетниот  лист за имотна состојба  Мира пријавила дека нејзиниот брачен другар поседува стан од 33 квадрати во Скопје. Непримерно е да се меша некој во брачните односи и да подзапрашува зошто тогаш Мира (веројатно со такси) патувала секој ден на релацијата Дечево-Скопје-Делчево. Оти, како инаку ќе стаса до сума од 11.736 евра за девет месеци?

Без преговори и без нејзина дозвола, злобниците во тој миг и го сменија презимето и таа стана Мира Дизел.  Додуша, многу славни личности самите си додаваат псевдоними по кои ќе станат препознатливи, така да ова и не е толку лошо за нејзиниот пат кон славата.

Но, славата изгледа не ѝ годеше на скромната и мирна  Мира, па реши таа да се подзатскрие и примири. До јануари 2019, кога Мира се најде на листата на добитници на државни субвенции за печки на пелети во Делчево. И нејзиниот сопруг Илјо Стојчевски е исто така на списокот. Двајца брачни другари на истиот список? Па што! Според анкетниот лист за имотна состојба, семејството поседува куќа од 162 квадрати во Делчево. А за таа површина и две печки се малку. Со пратеничка плата и додатоците од членување во пет собраниски комисии навистина е тешко да се набават дури две печки на палети.  Можеби Мира се надевала дека ова нема да излезе од рамките на Делчево, оти веќе  презимето Дизел придонесе да се подзаборави нејзиното презиме Стојчевска, па никој нема да забележи. Но, Делчево е мало, ама и Македонија е мала. Што ли мислат сиромашните делчевци за ова субвенционирање? Што има да мислат. Сигурно листата за субвенции е направена според „важечките законски прописи“.

И така, Мира Дизел пак го смени презимето и стана Мира Пелети.

Но, не за долго.

Последнава недела  Мира се стори Мира Турбо Дизел или Мира АВРМ. Во рок од три дена се вработија три члена од нејзиното најблиско семејство. Во ист ден почнаа со работа нејзиниот син во ЕЛЕМ и нејзиниот брат во РЕК Битола. Нејзиниот сопруг почека два дена за да биде назначен за командир на Шумската полиција во Делчево. Каква фамилија! Што би рекол еден мој другар, дури и во педигрираните синокрвни кралски лози некој чурук се погаѓа, ама во оваа фамилија нема утка. Сѐ е квалитетно и првокласно.

Мира негираше дека знаела дека синот воопшто конкурирал за работа во ЕЛЕМ, а не пак дека ја добил. И за братот не знаела ништо, оти неколку дена не се чуле по телефон. Ама знае дека сѐ е според закон и дека ЕЛЕМ и РЕК ги избрале на конкурс најдобрите кандидати. Без интервенции.  За сопругот не се изјасни, ама и за него не би ме зачудило да не знае. Тој во Делчево, таа во Скопје или по патиштата. Се нема време за сѐ.

Жално е колку е отуѓено ова толку квалитетно семејство, ако не ги споделуваат меѓу себе своите најубави моменти. Тука веќе се доведуваат во прашање семејните вредности кои ги негува Мира. Или се истакнува жртвата што таа ја прави запоставувајќи го семејството за да може посветено да работи за општеството и општото добро.

Не прекрши Мира ниту еден закон. Сѐ е по закон. И патните трошоци и субвенциите и вработувањата. Го знае таа тоа. Па таа е член во законодавниот дом.

А Кант не го читала:

„Законот не ти дозволува да ги загрозуваш правата на другите. Етиката не ти дозволува ниту да помислиш на тоа.“

Кант не е литература за во Парламентот.

Летна така Мира кон алејата на славните. Ги фрли во сенка и Талат со баџанакот и Адеми со сестра му и Кирацовски со бабата и дедото и другите пратеници со синови, ќерки, сестри, браќа и други роднини. Сите вработија низ месециве по еден до двајца, ама Мира направи три во едно. Во силната конкуренција за титулата „Пратеник на годината“ ги засени и одметнатите пратеници од  ВМРО кои се надеваа дека ќе ја добијат титулата, заради својот историски придонес во евроатлантските перспективи на државата. Ги засени и пратениците од  ДУИ кои со занесниот лет на орлите се надеваат дека ќе го вратат своето гласачко тело. Паднаа во нејзина сенка и настани како  официјализирање на новото име на државата и подигањето на знамето на НАТО пред владата.

Народот ги сака малите приказни, за малите луѓе. А малата, скромна Мира од Делчево не направи ништо. Се најде во вистинското време на вистинското место и не ни забележа дека настаните на кои воопшто не влијаела ја направија славна. Си остана мала, ама славна.

Можеби токму затоа Мира се здоби со таква слава. Се пронајдоа малите луѓе во Мира. Малите членовите на владејачката партија потајно се радуваат на успесите на Мира, јавно охрабрени дека сега е мигот кој дојде за нив затоа што претходно биле десет години дискриминирани. Малите членовите на опозицијата се лути затоа што нови мали Мири им го украдоа нивниот единаесет годишен миг. Малите членовите на секогаш владејачка партија си го користат мигот кој трае веќе осумнаесет години, оти со пушки се изборија за него. Останатите мали луѓе, оние кои не се врзани со партиите, се потонати во долгогодишна  апатија со наслов: „Е, па добро бе, им се може. Јас не можам ништо да променам. Премногу сум мал.“  Оние што сакат да се спасат себе си и човечкото во себе, панично се разбегаа низ светот.

Вечна ѝ слава на Мира Дизел, олицетворението на малото општество кое се гради врз заборавот на големиот збор Морал.

Вечна да ни е малата држава на мали луѓе.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share497TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ