• Latest

Португалски примери за департизација на образованието

April 14, 2022
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Португалски примери за департизација на образованието

April 14, 2022 19:59
in ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЛАТКО СЕКУЛОСКИ

Секој што барем малку се заинтересирал за состојбите во образованието знае дека резултатите се слаби, меѓу најлоиште во Европа според меѓународните мерења на ПИСА, а и високото образование не е исклучок сметајќи според рангирањата до Шангајската листа. Како главен виновник се посочува партизацијата на образованието. Често се зборува за департизација на јавната администрација и образованието, за жал како што е чест случај повеќето од тие дискусии се пароли без конкретни предлози.

Пред неколку месеце со група мои ученици, како дел од програмата на ЕУ, Еразмус+, бевме во Португалија и покрај одличното дружење научив неколку работи за португалскиот образовен систем. Тоа што сакам да образложам во овој краток есеј е дека департизацијата е во суштина демократизација, односно одземање на моќта на еден центар и распределување на повеќе засегнати страни, во тој контест ќе направам неколку паралели со португалските примери.

Училишните одбори. Во двата системи со училиштето управува училишен одбор составен од непарен број на членови од повеќе засегнати страни, наставниците, локалната самоуправа, министерството, родителите, а во португалскиот случај и локалниот стопански сектор. Најважната разлика е што во македонскиот систем има мал број на членови кои што од пред неколку години од 9 се намалени на само 7. Законот не пропишува дневница за присуство, па воопшто е тешко училишниот одбор да се собере во полн состав. Во португалскиот систем училишниот одбор се состои од 21 член, па е доста потешко да носат одлуки со аминување на одлуките на локалната или централната власт.

Изборот на директори, овдека разликите меѓу двата системи се значителни. Во македонскиот систем директорот го избира училишниот одбор, на предлог на основачот т.е. градоначалникот или министерот, што често резултира со спроведување на волјата на локалната или централната власт. Во португалскиот систем директорот се кандидира на своја иницијатива со свој тим од 6 лица. Потребно е да има повеќе конкурентски тимови коишто ќе го образложат својот кредибилитет и програма пред училишниот добор. Бирото на директорот е во голема заедничка канцеларија со неговиот тим, приватната канцеларија која ретко се користи има непопуларен назив „самица“.

Кариерен напредок. Овдека разликите се исто значителни. Во македонскиот образовен систем министерството утврдува критериуми и врши избор на наставници ментори и советници. Во португалскиот систем со секоја година стаж се добива бод во кариерниот напредок. Можат да се добијат повеќе бодови во една година со прифаќање на дополнителни неплатени обврски. Учество на тимот на директорот, со обврски за набавка на нагледни средства, организирање на поправи и одржување на училиштето. Успеси во натпревари и проекти од Еразмус+.

Вработување на наставници. Разликите повторно се значителни. Во македонскиот образовен систем изборот го врши училишниот одбор, на предлог на директорт. Освен тоа треба да поминат најмалку 2, а во пракса 4 до 5 и повеќе години за наставникот да добие вработување на неопределено време. Резултатот од тоа се полни партиски автобуси. Во португалскиот систем вработувањето е преку централен софтвер на министерството по принципот прв завршен, прв примен и тоа на неопределено време. За секое испразнето место се повлекува наредниот од листата, обично во пооддалечени рурални училишта. Сепак со кариерен напредок, преку стаж или дополнителна работа, преку истиот централен систем, наставниокот може да аплицира за место поблиску до дома. Оттука, местата во училиштата со повисок рејтинг им припаѓаат на наставниците со поголем кариерен напредок, сепак ниедно решение не е совршено, но корупција и партизација нема.

Од сите наведени мерки на департизација, единствена што постоела кај нас во СФРЈ и неколку години по осамостојувањето е вработувањето на неопределено време од почетокот на наставната кариера. За жал таа првилиегија се изгубила, во време кога само еден синдикат „стражарел“ над правата на просветните работници. Таа привилегија беше на маса а синдикатот кој дозволи нејзино губење не мрдна со прст за да ја врати. За менен е чудно што сè уште има просветни работници што имаат доверба во тој синдикат, но тоа се разбира е невен избор.

Се надевам дека со неколкуте примери успеав да покажам дека за департизација на образованието потребни се измени во голем број на членови во повеќе закони, поврзани со составот на училишниоте одбори, изборот на менаџерски тим, кариерниот напредок и начинот на вработување на наставниците. Пред сè, дека процесот на департизација во суштина е процес на демократизација на моќта.


Авторот е од Прогресивен синдикат на образованието. Текстот е личен став 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ