• Latest

Посебен советник за култура

June 7, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Посебен советник за култура

June 7, 2017 16:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани и драги пријатели, луѓе, сограѓанки и сограѓани, би сакал да ве известам дека од денес во јавноста ќе ме гледате во мојата нова улога, посебен советник и дел од кабинетот на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Пишува: Петрит Сарачини

Поканата на новиот министер ја прифатив со големо задоволство и без многу двоумење. Верувам дека ги претпоставувате главните причини зошто ја прифатив оваа одговорна задача, но чувствувам должност, кон јавноста воопшто, како и кон оние драги луѓе кои го следат и поддржуваат моето јавно дејствување сите овие години, да дадам мало објаснување за моите мотиви да го променам начинот на моето досегашно дејствување и да бидам дел од тимот кој ќе раководи со Министерството за култура.

Најпрвин, главната причина е мојот респект кон Роберт Алаѓозовски, со кого се познавам речиси 25 години. Неговите капацитети, креативност и големо познавање на областа воопшто, а и на независната културна сцена, ми влеваат реална надеж за суштински промени и подобрувања во нашиот културен и уметнички живот.

Секако, голем удел за почетокот на нашата соработка има и заедничкиот интерес кон реге музиката, растафаријанската култура, рокенролот, урбаната култура и уметност. Бидејќи и самиот ѝ припаѓам на независната уметничка сцена и ги имам почувствувано на своја кожа сите проблеми и аномалии со кои се соочува речиси секој независен уметник, решив во одреден период да поднесам мала жртва околу мојата независност, за да им помогнам на луѓето од таа бранша, да добијат поддршка и услови за да творат уште послободно и понезависно.  Се надевам дека со новиот тим ќе придонесеме таа сцена и алтернативните уметнички изрази да добијат поддршка во вистинска насока, да се оттргнат од маргините на интересот на институциите, да се развиваат и да заживеат на вистински начин.

Мотив и предизвик е секако и состојбата со културата на Албанците, но и на останатите заедници во земјата, кои честопати беа жртва на етноцентристичките политики на претходната власт. Во таа насока, ќе се обидам, заедно со целиот тим предводен од министерот Алаѓозовски, да придонесам за градење на достоинствен однос, почитување и грижа за културното наследство и културното творештво на сите граѓани на земјава подеднакво.

Секако, фактот што овој тим е дел од новата Влада предводена од Зоран Заев и луѓето со кои со години се боревме заедно против еден недемократски и автократски режим, претставува голем поттик да се вклучам и да бидам дел од промените кои ќе ја придвижат Македонија напред во секој аспект, по долги години назадување и уништување на речиси сè што е вредно.

Поголемиот дел од моите должности ќе бидат поврзани со комуникациите на Министерството со јавноста. На колегите од медиумите им ветувам фер и професионален однос и соработка, како и максимална транспарентност. Наместо нарачки на прилози, јавувања и притисоци врз новинари, од овој тим можете да очекувате само отворени врати и вистински одговори кон јавноста во секое време.

Се надевам на вашето искрено разбирање и поддршка за овој мој чекор. За возврат, можете да очекувате дека нема да се мрднам ниту милиметар од моите етички начела и принципи, од заштитата на интересите на граѓаните. Како досега, така и отсега. Секогаш, останувам ваш!

Tags: Министерство за култураПетрит Сарачинисоветник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ